После неколку недели од освојување на првата
МКД ББ Елита титула, после скоро едномесечно славје си ги средуваме мислите во клубот.
Поминува мамурлакот од Moet-oт и многу шишиња
Hennessy, и во Macedonian South Bronx арената се закачи првиот прволигашки банер.
Финалето беше едно од поинтересните последниве неколку години, па честитаме на менаџерот на КК Теорел
(52486) што беше достоинствен противник претходната сезона, до нови ривалства во иднина!
Некои од играчите беа запрепастени од самото финале, па еве ги изјавите:
(36524385)Мечо:„Животната желба за мене индивидуално и за овој клуб кој сум цела кариера во него ми се исполни. Да освоиш титула со клуб кој те драфтува е вистински мерак, бидејќи верувал во тебе од самиот почеток. Не останува ништо повеќе освен да се пензионирам, бидејќи мојата работа овде е завршена. Ќе играм се додека сум му потребен на менаџерот на Hip Hop Macedonia, па макар и да не ме плаќа.“ - се насмевна под мустаќ на крај, МВП ...