После неколку недели од освојување на првата
МКД ББ Елита титула, после скоро едномесечно славје си ги средуваме мислите во клубот.
Поминува мамурлакот од Moet-oт и многу шишиња
Hennessy, и во Macedonian South Bronx арената се закачи првиот прволигашки банер.
Финалето беше едно од поинтересните последниве неколку години, па честитаме на менаџерот на КК Теорел
(52486) што беше достоинствен противник претходната сезона, до нови ривалства во иднина!
Некои од играчите беа запрепастени од самото финале, па еве ги изјавите:
(36524385)Мечо:„Животната желба за мене индивидуално и за овој клуб кој сум цела кариера во него ми се исполни. Да освоиш титула со клуб кој те драфтува е вистински мерак, бидејќи верувал во тебе од самиот почеток. Не останува ништо повеќе освен да се пензионирам, бидејќи мојата работа овде е завршена. Ќе играм се додека сум му потребен на менаџерот на Hip Hop Macedonia, па макар и да не ме плаќа.“ - се насмевна под мустаќ на крај, МВП на финалето.
(43701682) Aне Близнаков:„Беше вистинско чудо и нереално за мене, драго ми е што имав придонес за овој клуб. Знам дека сум тепач на терените, но тоа го правев од срце за тимот. Таков сум по природа. Го напуштив тимот со победа и тоа е најважно. За Hall Of Famer, ќе видиме како ќе одлучат, но без тоа или со тоа, имав прекрасно искуство овде.“ - изјави Ане на неговата последна прес конференција.
(34412814) Abner Caramani:„Во Хип Хоп Македонија сум скоро цел мој живот, па совршено научив да зборувам македонски. Си најдов и жена со која веќе чекам дете, фала ѝ за трпеливоста да го совладам јазикот, Мариа те ќеро мучо. Им благодарам на менаџерот и цел стручен штаб, доктори, тренери, што ме изградија како играч и сум благодарен што сум во Куќата на славните во овој клуб со историска вредност во оваа држава.“ - се расплака на крај, крилото на Hip Hop Macedonia последниве 10 сезони.
За новите вести и новите потези на менаџерот Hip Hop Car! во некои нови извештаи, до тогаш им посакуваме на сите во тимот да имаат интересна и возбудлива сезона.
From Macedonian South Bronx News,
Peace!
Последно изменето од Hip Hop Car! на 15.09.2019 15:15:53