Рисовите Инкубуси ја преживеаја Сезона 72 во елитното друштво. Својот крзнен задник го спасуваа во тешка борба за опстанок која отиде до решавачки трет дуел со Kk Astibo 2022. Станува јасно дека освен на територијата на Македонија, Рисовите се загрозен вид и во светот на виртуелната кошарка. И во следната Сезона 73 ќе се обидеме да не бидеме истребени, но за да се постигне тоа ќе биде потребно престројување на редовите.
Три важни играчи од минатата сезона ќе ги напуштат Инкубусите. Не успеавме на Marchand, Saito и Dimov да им најдеме нов ангажман во текот на минатата недела, но ќе се обидеме повторно да го сториме тоа овие денови. Можно е во меѓувреме да се изведе еден непопуларен потег за Marchand, со оглед на доцното негово поставување на ТЛ минатата недела. Им благодариме на тројцата и им посакуваме успех во иднина.
Освежувањето на ростерот веќе започна! Доведено е првото сезонско засилување вредно нешто повеќе од $300k, чилеанскиот искусен кошаркар Adán Guerra, кој три сезони ...