Човек учи додека е жив нели.. па да прашам.
Прв пат се среќавам со ова, пошо цело време играм „стриктно следи ја означената постава“, како и мноооогу други менаџери шо тренираат играчи и мораат да пазат за 48 минутната позиција.
Некој да ми разјасни околу разликите на „Тренерот бира како е означено“ и „Тренерот нека одлучува“?
Пошто ова, ми звучи на исто, или па лошо е преведено (Димацу, ќотек)!
И на кратко, отприлика со 10 играчи (Прва постава даден играч и втора постава/резерва друг играч за сите пет позиции) како би делувало на минутажите и распределба на минутажите доколку се означи „Тренерот бира како е означено“ и „Тренерот нека одлучува“?
Пример:
Ц прва постава ХХминути, Ц измена ХХ минути (отприлика збориме)
КЦ прва постава ХХ минути, КЦ измена ХХ минути
.
.
и така за сите позиции.
Ако има херој да ми објасни, ќе сум му многу благодарен, поздрав!
Last edited by Hip Hop Car! at 3/26/2017 12:05:49 PM