Здраво Sacma, пред се, добро ни дојде и се надевам ќе ти биде доволно интересна играва за да ни останеш на подолго.
Пред се, ти треба добар тренер, но за почеток ниво 5 ти е доволно. Доколку не најдеш 5, земи ниво 4 али не би требало да не најдеш, мислам дека и ефтини ќе начекаш. И да нема некоја огромна плата, за да можеш да го исплаќаш.
За скилови, доколку тренираш центри и крилни центри, најважи тренинзи се Внатрешна Одбрана и Внатрешен Шут. Тие се вежбаат на една позиција за побрзо да креваат вештини. Потоа следува Скокови но овој тренинг мора еднопозициски тренинг. Колку повисоки потенцијали на играчите, толку подолго ќе можеш да ги тренираш.
За надворешните, тие шо се покомпетентни на форумов ќе ти кажат, иако мислам дека Скок Шут, Надворешна Одбрана и Шут од Далечина, се вежба највеќе.
Доколку имаш уште прашања, прашувај тука без проблем, или обрати ми се мене у ББ порака, поздрав!