Јас би сакал јавно да му се извинам на Ангел бидеќи неговите Angelcinja2 ќе се борат за опстанок и најверојатно ќе испаднат од елитата само заради мојата неспособност да ја победам барем еднаш Bregalnica. И во двата дуела одев на победа но во првиот ме залажа неговиот скор од 5 порази после првите 5 кола па го потценив со опуштено дома иако имаше скап ростер а во вториот дуел веројатно ја преценив моќта на ентузијазмот па очекував нереална победа иако имаше скоро дупла поскап ростер и во подобра форма.
За Vardar Dimoa ова беше една од најслабите лигашки сезони со 9 победи и многу лоша кош разлика, а сезонскиот впечатокот делумно го поправа четвртфиналето во купот како и солидниот ремонт и подмладување на тимот кој беше спроведен оваа сезона. За одбележување е импресивната минутажа на 20-годишниот Един Хоџалари а сосема простојна минутажа имаше и 19-годишниот Јанаки Апостоловски за една елита:
http://prntscr.com/1ow92m (играчите се подредени според бројот на настапи)
Тенденцијата е од сезона во сезона да имаат што поголема минутажа како не би трпеле на искуство поради тоа што се дел од тим кој има жестоки дуели со тимови од елитата. Сето тоа ги комплицира резултатите на тимот но веќе се навикнав да се носам со овој проблем а очекувам и тоа како да ми се вратат позитивно овие жртвувања за неколку сезони. За статусот “редовен стартер“ кај Ализоти и Жуна нема потреба ни да се коментира.
Со среќа на сите во плеј-офот и плеј-аутот, нека победат повештите :)
Last edited by Dadimo at 9/2/2013 8:41:45 AM