Денешниот меч веќе на ништо не личи па место да кинам нерви за џабе би сакал да се надополнам со оглед на тоа што ми постави интересно прашање на кое имам уште многу што да кажам :)
Ќе излажам ако кажам дека целта беше 5-то место изминативе сезони но самиот тек на настаните го денифинирале тоа 5-то место како најдобра опција. Од финансиски аспект дефинитивно е погубно(ова пред се важи за посилните лиги каде тимовите имаат поголеми трошоци за плати) да се учествува во плеј-оф особено ако немаш рални шанси за титула и затоа го дигнав својот глас вчера бидеќи играва треба да не стимулира да победуваме и да играме во плеј-оф макар и епизодно место да губиме намерно за 5-то место.
Генерално и долгорочно целта е клубот да се бори за титули, но тоа е екстремно тешко, прво ти си премногу доминантен изминативе сезони и перфектно си го водиш клубот па не оставаш многу простор човек да те стигне а второ, во меѓувреме станаа многу силни уште неколку клуба во елитата па сега ќе треба и нив прво да ги стигнам за дојдам до тебе. Јас во сезона 15 направив храбар потег и ангажирав два ѕвера со големи плати C. de Barros и J. Rentería, кои ја донесоа најуспешна сезона за клубот со освоен куп и финале во сината конференција. Но ангажманот на овие играчи со големи плати беа најава за финансиските проблеми кои колуминираа пред крајот на минатата сезона а бидеќи за екстремно кратко време повторно се направи моќен тим тие проблеми сеуште го мачат клубот.
Во текот на сезонава неколку пати размислував кого да продадам да ги олеснам финасиите кога веќе немав амбиции за повеќе од 5-то место ама незнаев кого. Македонците Арнаудовски и Мартиноски не ми се продаваат, Mingaudas и Krentschker уште после првите настапи се промовираа како лидери во клубот, единствено можев да го продадам Samah ама ќе останев на само 1 добар висок играч и така заглавив со овој ростер од 720К кој не е баш лесно да се издржува финансиски а не е ни доволно добар за титула. А поради пребирливоста тешко ќе ме видите како купувам играчи со помали плати и со поефтин ростер, па реално тим со слаба клупа нема што да бара во лигата, единствено во купот можам да борам поради квалитетната прва постава.
Имам уште 2 недели за размислување како понатака ама се повеќе сум на мислење дека пред да завршам со Ализоти во кој полагам многу надежи немам теорестски шанси за титула. Нормално во Жуна се крстам уште повеќе ама за него има уште многу време додека стаса.