BuzzerBeater Forums

Makedonija - I.1 > Сезона 24

Сезона 24

Set priority
Show messages by
From: Xsago

This Post:
00
243326.64 in reply to 243326.63
Date: 6/30/2013 8:14:59 AM
Overall Posts Rated:
128128
Грешна ти е математиката. Вака се пресметува број на посед на топки (не можеш да ги поистоветуваш дефанзивните и офанзивните скокови како што ти правиш):

FGA - OffReb + TOV + (0.4 x FTA)

Според ова, Vardar Dimoa имал 89.2 напади, а ти 90.2.

From: Dadimo
This Post:
00
243326.65 in reply to 243326.64
Date: 8/27/2013 1:37:28 PM
Overall Posts Rated:
5555
Добро бе како е можно Револуција со 5 ентузиајзам+ мотивирано да ја победи Брегалница дома со 15 разлика во претходното коло а денес јас со сличен состав на тој што го имаше Револуција претходното коло со 10 ентузијазам + мотивирано да изгубам од истата Брегалница на гости со 17 разлика!?
Забега играва, ова не е нормално и за кој к*р пумпам ентузијазам цела сезона кога неможам да победам тим кој игра нормал цела сезона.
ААААААААААААААААААААА :(

From: Xsago

This Post:
00
243326.66 in reply to 243326.65
Date: 8/27/2013 2:42:08 PM
Overall Posts Rated:
128128
1. Според моите пресметки, разликата меѓу дома и гости е околу 25 поени (по 12-13 во однос на неутрален терен). Разликата за секој поен ентузијазам е 2-3 поени. Тоа значи дека добивката на револуција од домашниот терен е поголема отколку твојата од ентузијазмот. Или наједноставно кажано револуција против брегалница заради мотивирано + домашен терен добил предност од близу 40 поени, додека ти со мотивирано + ентузијазам практично го неутрализира минусот од домшаниот терен на брегалница. Според тоа на револуција му беше доволно да е за помалку од 37-38 поени послаб како тим (+ тактика) од оној на брегалница, а ти требало да имаш подобар тим (+ тактика) од неговиот што и самиот си свесен дека во моментов не е така.

2. Не ги знам доволно играчите на револуција и не можам да ја коментирам сличноста на составите, ама во секој случај револуција имаше многу повеќе длабочина и измени, а можно е и неговите играчи да имаат и повисока издржливост со оглед дека тој натпреварот го доби во последната четвртина, а ти го изгуби.

3. Брегалница ја погоди тактиката против тебе, а ја промаши против револуција.

Разликите се можеби премногу екстремни, но исходот и не е. Дури би рекол дека многу поголемо изненадување е победата на револуција на минатиот натпревар отколку твојот пораз.

И најважно од се, ти имаш веќе обезбеден опстанок, не знам зошто толку се паничиш. Во најлош случај ќе бидеш 5ти, а ако ја победиш револуција во следното коло можеш да стигнеш и до плејофот. Ангелчиња е тој што треба да паничи бидејќи се наоѓа во многу тешка ситуација во борбата за опстанок.

Last edited by Xsago at 8/27/2013 2:47:10 PM

From: Dadimo

This Post:
00
243326.67 in reply to 243326.66
Date: 8/27/2013 3:04:20 PM
Overall Posts Rated:
5555
1. Според моите пресметки, разликата меѓу дома и гости е околу 25 поени (по 12-13 во однос на неутрален терен). Разликата за секој поен ентузијазам е 2-3 поени.

2. .. ама во секој случај револуција имаше многу повеќе длабочина и измени, а можно е и неговите играчи да имаат и повисока издржливост со оглед дека тој натпреварот го доби во последната четвртина, а ти го изгуби.

3. Брегалница ја погоди тактиката против тебе, а ја промаши против револуција.

4.Дури би рекол дека многу поголемо изненадување е победата на револуција на минатиот натпревар отколку твојот пораз.

5. И најважно од се, ти имаш веќе обезбеден опстанок, не знам зошто толку се паничиш.


1. Според мене премногу го цениш влијанието на домашниот терен а ја потценуваш моќта на ентузијазмот.
2. Се согласувам, јас едвај скрпив прва постава денес а не па измени да имам.
3. Се согласувам и ми е многу чудно како Брегалница речиси цела сезона промашува тактики а против мене два пати ја погоди тактиката што е многу чудно како некој да му кажува како да игра против мене. Да го сметав за голем тактичар ќе ги предвидев неговите потези и ќе го изнендев, вака двапати изгубив.
4. Се согласувам дека е големо изненадување победата на Револуција во претходното коло и баш затоа се понадевав на победа денес инаку да бидеме реални Брегалница има и подобро форма и за цела класа (можеби и две класи) подобар тим од мојот.
5. Не паничам бидеќи со денешната победа на Ангелчиња јас и теоретски сум најмалку 5-ти ама се бунам бидеќи очекував многу повеќе баш заради победата на Револуција во претходното коло.

This Post:
00
243326.69 in reply to 243326.68
Date: 9/2/2013 5:06:24 AM
Overall Posts Rated:
203203
Плејоф/Плејаут тајм лејдис енд џентлмен!

На хартија, во првото коло најжешко ќе биде во Кавадарци, во екстра неизвесниот дуел меѓу Ѓорѓе и Гари.
Пресметката помеѓу Xsago и HHM има епска димензија, така што се' освен „легендарна“ е навредливо.

P.S. МВП во регуларната сезона очекувам за првпат во кариерата да биде Kristijan Ignjatov.

From: Xsago
This Post:
00
243326.70 in reply to 243326.69
Date: 9/2/2013 5:59:57 AM
Overall Posts Rated:
128128
Да дојде време и за разврската во оваа сезона. Една од најчудните досега би рекол откако пола тимови во текот на сезоната преминуваа од најслаби во најјаки и обратно. Еден куп трансфери, изненадувања и сл. Во едната конференција ги имаше трите најјаки екипи, но и 5те најслаби. Во другата горе долу сите 8 екипи беа изедначени и одлучуваа нијанси, стратегија и многу среќа. Во секој случај беше забавно, но сега е она вистинското.

Кај сините, големо дерби уште во првото коло меѓу kavadarci i KK Teorel. Дерби по кое уште во првото коло ќе испадне еден од оние 3 главни фаворити за титула. Gemidzii Veles е голем фаворит против Vardar Dimoa во првото коло од обидот да ја одбрани титулата.

Кај црвените ситуацијата е многу хаотична. После еден куп трансфери во последните десетина дена, имаме една многу чудна појава каде екипите од плејаутот се појаки од екипите во плејофот. Буквално се е можно, но се чини дербито ќе се одигра уште во првото коло помеѓу изненадувачкиот шампион од купот - Hip Hop Macedonia и лидерот на табелата Xsago Phantoms. Во другото коло се соочуваат многу ослабениот dragonfly84 и амбициозниот Les Andres.

Во плејаутот претставниците на црвените ќе влезат како големи фаворити и би рекол секој резултат кој би резултирал во опстанок на една од двете "црвени" екипи за мене ќе биде изненадување. Директното испаѓање на Kozuv и Kocani не е изненадување, иако Kozuv до последен момент не се даваше.

прогнози за следно коло:
- плејоф: Gemidzii Veles против kavadarci и Xsago Phantoms против Les Andres.
- плејаут: опстанок на BC Kavadarci Rulls и Pelister Bitola

П.С. MVP и јас мислам дека ќе биде Kristijan Ignjatov, макар што има мали шанси и Helder Brasao.

From: Dadimo
This Post:
00
243326.71 in reply to 243326.70
Date: 9/2/2013 8:33:58 AM
Overall Posts Rated:
5555
Јас би сакал јавно да му се извинам на Ангел бидеќи неговите Angelcinja2 ќе се борат за опстанок и најверојатно ќе испаднат од елитата само заради мојата неспособност да ја победам барем еднаш Bregalnica. И во двата дуела одев на победа но во првиот ме залажа неговиот скор од 5 порази после првите 5 кола па го потценив со опуштено дома иако имаше скап ростер а во вториот дуел веројатно ја преценив моќта на ентузијазмот па очекував нереална победа иако имаше скоро дупла поскап ростер и во подобра форма.
За Vardar Dimoa ова беше една од најслабите лигашки сезони со 9 победи и многу лоша кош разлика, а сезонскиот впечатокот делумно го поправа четвртфиналето во купот како и солидниот ремонт и подмладување на тимот кој беше спроведен оваа сезона. За одбележување е импресивната минутажа на 20-годишниот Един Хоџалари а сосема простојна минутажа имаше и 19-годишниот Јанаки Апостоловски за една елита:
http://prntscr.com/1ow92m (играчите се подредени според бројот на настапи)
Тенденцијата е од сезона во сезона да имаат што поголема минутажа како не би трпеле на искуство поради тоа што се дел од тим кој има жестоки дуели со тимови од елитата. Сето тоа ги комплицира резултатите на тимот но веќе се навикнав да се носам со овој проблем а очекувам и тоа како да ми се вратат позитивно овие жртвувања за неколку сезони. За статусот “редовен стартер“ кај Ализоти и Жуна нема потреба ни да се коментира.

Со среќа на сите во плеј-офот и плеј-аутот, нека победат повештите :)

Last edited by Dadimo at 9/2/2013 8:41:45 AM

This Post:
00
243326.73 in reply to 243326.72
Date: 9/3/2013 10:04:00 AM
Hip Hop Macedonia
II.1
Overall Posts Rated:
7575
Дербито, ќе биде доста.. слабо.
За прв пат морам да кажам дека веќе се знае победникот помеѓу мене и Ксаго. Сепак, Флитон повреден, и се паѓа во вода, што е секогаш било најголема болка, кога сите знаеме дека оваа сезона ја изиграв со 5 до 7 играчи.

Како и да е, прекрасна и успешна сезона. Нај не се замарав со играва искрено оваа сезона, и ќарив една титула, хухуух :)

За МВП, сакам и Пикле да земе пак.. мислам, од лани што отидов долу и не му ја дадоа, сега да земе, зашо да не, главен виновник за освојување на Купот :D :)

Поздрав и со среќа на сите во плејоф или плејаут.

Advertisement