Jas da sum na tvoe mesto bi se koncentriral na treniranje na Alizoti do maximum. Od site opcii taa ti e najpametna i najisplatliva.
На Alizoti не му беше пружена максимална брзина на развој изминативе 3 сезони, и затоа од следниот петок почнуваме нова ера во неговата кариера, наречена 100 % редовен еднопозициски тренинг. Проблеми имаше повеќе:
1. Има бош висина, ниту е висок нуту е низок па затоа малку бавно напредуваше во надворешните скилови, уште побавно ќе напредува на внатрешните скилови па уште ако нема 100 % редовен еднопозициски тренинг ќе пропадне. Но кога сме кај висината има идеална висина па и скилови за крило, и најверојатно од следната сезона ќе почне да тренира внатрешни скилови. Во У21 нека биде повеќе бек од крило а во сениорскиот тим повеќе крило од бек.
2. Бев навикнат во моето досегашно менаџирање во ББ на двопозициски тренинг, па затоа често не успевав да му обезбедам еднопозициски тренинг. Дополнителен проблем беше Барош кој за потребите на Бразилскиот НТ морав да го тренирам скок-шут (а тоа може да се тенира само двопозициски) што автоматски се одрази и на Ализоти. За возврат од Бразилскиот селектор не добив ништо освен некоректен однос па често во нивниот НТ беа играчи послаби од Барош за да на крај ми пукна филмот и го продадов. Плус сеуште ги тренирав Мартиноски и Масаро па и Кинезот меѓутоа безмислено е заради нив да пропаѓа Ализоти и затоа идеме со тренинг до даска на Ализоти во комбинација со Касале додека го достигне својот потенцијали а се надевам Мартиноски ќе биде третиот играч за тренирање бидеќи во пракса е тешко на тројца да им обезбедиш редовен еднопозициски тренинг.