Во особено важните натпревари, како што се натпреварите од Playoff-от, натпреварите во борбата за опстанок во лигата и натпреварите во последните две рунди од националниот куп, вашите играчи се премногу возбудени за да играат „Опуштено“. Во овие натпревари можете да одберете само помеѓу два става „Play-off Нормално“,каде што вашиот тим ќе се труди исто како кога играте „ Нормално“ во регуларната сезона, а влијанието на ентузијазмот ќе биде како да играте „Опуштено“,и „Плејоф Мотивирано“ каде што вашиот тим ќе се залага исто како кога играте „Мотивирано“ во регуларната сезона, а влијанието на ентузијазмот ќе биде како да играте „Нормално“.
Сега се надевам дека е јасно само мислам дека има грешка во прирачникот, треба да стои последните три рунди од националниот куп.