Чекај ме dimac, доаѓам со тебе во втора лига :)
Ништо подобро не заслужуваат навивачите на Vardar Dimoa, со нивната мизерна подршка кон клубот преку слаба посета на натпреварите и слабо купување дресови. Толку инвестирање во проширување на салата претходната сезона и смалување на цените за рекордно ниски приходи $ 445 487 и $ 437 174 од двата последни натпревари дома. Продажбата на дресови со Mlinarevic како стартер во НТ Србија рипна од $ 74 229 на “фантастични“ $ 84 356. Не се сеќавам добро ама мислам дека во времето на Рентеира имав над 90К или над 100К од продажба на дресови. Можеби им треба време на навивачите да го засакаат Mlinarevic ама до тогаш клубот ќе банкротира. Зарем ваков клуб не заслужува поголема подршка од своите навивачи ?! Клуб кој долго време е стабилен прволигаш, некогашен освојувач на купот, шампион во втора лига после само 4 второлигашки сезони, шампион во трета лига после само пола сезона помината таму иако тимот кога ми го дадоа беше блиску до дното и мислев дека ќе се борам за опстанок, но за кратко време ја научив играва, успеав некако да се протнам до плеј-офот за да на крај со мајсторско водење на клубот шампионски влезам во втора лига. Криво ми е што после повеќе месечно дремење на ТЛ и зголемена трансфер-активност баш во моментот кога конечно успеав да составам балансирана квалитетна петорка која ќе ми нуди истовремено и релаксирани финансии ќе мора се ова да пропадне и да се растури. Теоретски имам шанси да преживеам но ќе биде многу тешко, лош распоред со две недели без меч дома, мизерни навивачи. Новиот центар Halim bin Abu Samah беше биран за да се надополни со Mlinarevic но ако не се среди минусот тогаш ќе мора и Mlinarevic да си оди па се ќе падне во вода. Штета :(
Last edited by Dadimo at 2/27/2012 6:20:48 AM