Да се пофалам дека за прв пат влегувам во ТОП 100 тимови во светот:
http://prntscr.com/9shww2Не сум 100% сигурен ама мислам дека претходно не сум бил во ТОП 100 затоа што во сезона 15 кога прв пат го освоив купот имав финасиски неодржлив тим па после сезона 16 кога имав скор 3 победи и 5 порази на моето деби во BB Best Купот почнав да продавам првотимци и започна една долга стагнација на мојот клуб. Лошото менаџирање на клубските финансии ме доведоа 2 пати блиску до банкрот а бев далеку од борбата за титули се до минатата сезона кога ја искористив шансата што ми се укажа и го освоив купот. Добрите игри продолжија и оваа сезона во која ќе имам сигурно најдобра сезона во елитита без разлика кој ќе биде шампион а посебно сум горд на настапите во BB Best Купот ова сезона каде за малку (1 победа или подобра кош-разлика) не успеав да се пласирам во нокаут фазата:
http://prntscr.com/9sxlmuОвој скор од 6 победи и 2 порази во Б3 купот е дополнително голем поради малерите со повредите на битни играчи што ги имав сезонава како никогаш досега и тоа со 7-ка доктор. Најпрво се повреди Fadil Zhuri на 3 недели а само што оздраве тој и сеуште беше во лоша форма поради паузата ми се повреди и најдобриот играч Alfredo Miguel Zarza Mora на 1 недела(за утеха не подолго од тоа).
Last edited by Dadimo at 1/21/2016 10:14:43 AM