Играчот е со супер скилови, но овој играч не е за тренирање повеќесезонски и за подолгорочен тренинг план. Може да го тренираш и да стигне до У21, но САМО за до У21 (бар мое мислење). Сениорски, тешко.
Услови за до У-21? Без повреди сезонава, па и у идните сезони, со тренирање стриктно на еднопозициски тренинг.
Тренинг план: Од надлежните шо знаат како со надворешни играчи. :D
А можеш и да го продадеш играчов, и да спасиш некој надежен со поголем потенцијал од овој (8+) и да си го тренираш за повеќе сезони, па да го правиш сениорски репрезентативец. :)
Aко има некој друго мислење и друг совет, нека те советува, ова е бар мое мислење колку шо сум упатен.