Превод на описот на новата карактеристика во BuzzerBeater:
Уште од почетокот на времето, три членови на стручниот штаб ја претставуваа основата на BuzzerBeater. Тренерот управува со тренингот, портпаролот со рекламите и трговијата, додека пак докторот се грижи за вашите играчи. Додека тие ќе продолжат да ги извршуваат нивните секојдневни обврски, време е да додадеме ново друштво!
Додадени се нови членови на стручен штаб, т.н. "Секундарни членови на стручен штаб", кои што можете да ги земете. Запознајте се со:
Тренер на млади - само 18 и 19 годишни играчи ќе имаат бенефит од овој тренер, односно тој ќе се фокусира само на нив, со што ќе им даде дополнителен тренинг додека главниот тренер е зафатен со остатокот од тимот. Тој ќе им го даде потребниот поттик преку важни обуки што само може да ги направи подобни за повик во националниот тим (на крајот!). Но, за да ја почувствувате промената, треба да ги ангажирате само најдобрите тренери, а тие ќе ве чинат многу.
Спортски психолог - формата е толку променлив фактор. Понекогаш, без оглед на минутите, некои од вашите најважни играчи едноставно не можат да ја погодат најдобрата форма во најлошото време како плејоф и сл. Ова е местото каде што овој човек доаѓа да помогне - тој ќе се погрижи дека играчите ќе ги имаат нивните глави исправени и ќе помогне да се задржи нивната форма во секое време, дури и ако играчите одиграле повеќе минути од потребното.
Нутриционист - ајде да се соочиме со тоа, падот на издржливоста знае да биде направи проблеми. Од друга страна пак, да трошите тренинг за издржливост е дури и полошо! Ова е местото каде правилната исхрана помага - имајќи некој што може да ги планира оброците навистина може да ја забави стапката на опаѓање на издржливост, а нутриционистите на високо ниво дури и целосно да го спречат опаѓањето! Најдобрите можат дури и да ја зголемат издржливоста!
Постојат некои разлики во секундарниот персонал од првобитните: тие, очигледно, навистина нема потреба да бидат ангажирани и може да се ослободите од нив во секое време и тие нема да бидат заменети со некој што може да ви заштеди пари. Сеуште треба да ги исплаќате парите за отпремнина, па затоа осигурајте се дека го земате тоа во предвид кога ги правите вашите пресметки.
Овие момци може да бидат скапи, тоа е точно - но само најбогатите и најдобрите тимови ќе ги имаат постојано - другите тимови ќе мора да планираат и да управуваат со неделите кога ќе ги ангажираат.
Се надевам дека ви се допаѓа оваа функција, следнава е планирана за крај на Јули.
Како ви се допаѓа момци ?
Last edited by dimac at 6/25/2018 4:26:52 AM