Овогодишното натпреварување во B3 прогнози беше многу блиску. Му честитаме на победникот Gorbani Roozbeh од Иран кој што обезбеди бесплатен Supporter во времетраење од една година со освоени 134 поени. Тој беше следен од dadimo, Diego10 и Dolar, сите на втората позиција со 129 поени. Овие менаџери ќе добијат три месеци бесплатен Supporter.
Ова се поените и рангирањето од претпоследното коло, во тоа сум 100% сигурен. Не дека се жалам за некои местенки и слично ама зошто се игнорира финалното прогнозирање. Дојде до ненамерна грешка или што !?
Јавно ги замолувам Бобанс или Димац да ги контактираат соодветните ББ-лица и да ми дадат одговор што е со прогнозирањето од последното коло кое очигледно е игнорирано. Можеби сите наградени го погодиле финалето и ранкингот не се менува но зошто поените не се +21, стварно не разбирам во што е проблемот.