ТВ правата се веќе пресметани...
Не се пресметани сеуште. „Комесарот на лигата“ во понеделник ќе објави колкав ќе биде износот за оваа сезона. Во вестите беше објавено дека ќе има мало намалување на приходот од ТВ права. Сега, тешко е да се предвиди колку точно ќе изнесува ТВ договорот бидејќи минатата сезона не е репер по кој можеме да се водиме -- за разлика од останатите сезони, наместо 2 нови, оваа сезона имаме 6 нови тима. За потсетување, со измените во Сезона 10, ТВ правата станаа фиксна категорија на приход (за разлика од претходно кога им се радувавме на неделите со ТВ натпревари - на три пати во сезоната добивавме висок ТВ приход) поделен на сите тимови подеднакво, а се пресметува врз основа на нивото на дивизијата/бројот на екстра играчи во тимовите од дивизијата. Секоја лига независно преговара за ТВ договор (II.1 би имала различен ТВ приход од II.2). Со други зборови, оваа сезона износот на ТВ договорот ќе зависи од секој тим во нашата лига (како и во изминатите 5 сезони) - (минус) намалувањето најавено во измените за оваа сезона.
Јас колку што се сеќавам ТВ правата претходната сезона беа околку 180К-190К а за оваа сезона ќе биде 167К што и не така голем пад.
167к се за Сезона 14 (актуелни). Во сезона 13 беа ми се чини 181к.