Значи вака, незнам колку од вас го имаат прочитано прирачникот ама стварно се расправаме за глупости на форумот.
Еве ви го делот од прирачникот кој многу јасно кажува за корисноста од тренирање домашни играчи, особено од сопствениот драфт.
“Приходот од дресови потекнува директно од вашите навивачи, т.е. од нивното моментално расположение кое зависи од многу фактори. Еден фактор е дали вие имате победнички тим. Никој не сака да носи дресови кога вашиот губи, зарем не? Другите фактори вклучуваат колку домашни играчи имате во тимот и колку од домашните играчи се драфтувани од вашиот тим затоа што навивачите повеќе сакаат да ги поддржуваат домашните таленти отколку купените играчи. Ова се пресметува преку вкупните вештини на домашните играчи, па така нема да биде добро за вас да имате многу домашни играчи со слаб потенцијал.“
Приходот од продажба на дресови е уште поголем ако играчот игра во репрезентација посебно ако репрезентацијата победува. Кај нас барем последниве 10 сезони откако ја пратам повеќе играва горе-доле секогаш играле најдобрите играчи што ги имаме и стварно не ми јасно зошто плачете дека се форсираа играчи од неколку менаџери а другите се потценуваат. Дали знаете дека за да игра во репрезентација еден играч треба да е правилно истрениран а не само да се тренира како “мува без глава“ колку да му расте платата и после Цацко е крив зошто не игра во репка. Ако мислите дека во странските репрезентации повеќе ќе играат вашите играчи само напред тренирајте странци ама приходот од продажба на дресови ќе ви биде мал а прашајте го РакијаДете колкави приходи од продажбата на дресови му носат големите плати на репрезентативците: Salih Foniqi,Zbardhor Potera, Tupurko Pandev. Ем скап победнички тим ем може да го одржува финансиски. Со тренирање домашни играчи освен што придонесувате да имаме подобар избор на играчи за нашите репрезентации правите и добар тим за вас самите кој полесно ќе го одржувате финансиски бидеќи продажбата на дресови ќе ви биде поголема. Јас претходната сезона во недела кога немав ниеден играч што играше за репка зедов околу 100К од продажбата на дресови затоа што направив победничка серија а имав тим составен од Македонците Арнаудовски, Ализоти, Мартиноски, Жуна и др. Камо среќа да имам 4-5 домашни играчи со големи плати дури и да не играат за репка, ем ќе имам добар тим ем ќе можам да го плаќам заради поголемите приходи од продажбата на дресови.
И не е точно тоа дека искусните менаџери ги продаваат талентите а ги тераат почетниците да ги тренираат. Јас сум десетина сезони во елитата и нон-стоп тренирам по 3 играчи од кои само Арнаудовски беше оформен на 26 години кога го купив, додека Ализоти, Жуна и Хоџалари ги тренирам од нивни 18 години.