Скилови како скокови, додавање, блокади и надворешен шут џабе ги тренирате немаат многу влијание кај симулаторот на натпревари. А за скоковите дополнително битно влијание има и скриениот скил агресивност. Тоа го има кај Наце Бичковски кој е многу агресивен играч и прави многу фаули ама прави и скокови како да има 4-5 нивоа повеќе од вештината скокови.
Претпоставувам мислиш на „гледачот“ (game viewer - GV) кога збориш за симулатор. Тој нуди многу мал дел од она што е симулација на натпревар. Постои повеќе од натпреварот отколку гледачот. Забавен е. Тоа му е предност. Можеш преку него (особено преку текстот) на пример да видиш колку внатрешни шутови се случиле (забивања, хорок, внатрешен шут) во споредба со надворешни; колку блокади, попречени шутови (како индикатор за скилот блокади) итн.