Еве од оваа сезона нема да работи повеќе празната постава па ќе видиме како тоа ќе влијае на ГЕ-то и што друго све ќе испревртат во ГЕ-то освем тоа...
Мало дополнување: Ќе ја забранат празната постава (далеумно) да, ама нема да го менуваат GE. Всушност колку што знам никогаш не ни направиле промени на GE. Единствена измена е воведувањето на годење на тактика, ама тоа не знам дали е во самиот GE или е надворешен фактор.
Инаку иако во општ случај јас поддржувам размислувања во насока како да се подобри нешто, во случајот мислам дека премногу се замарате со тоа "што не чини". Системот е ист за сите. Не дека јас или некој друг нешто мами. Според вашите заклучоци (јас искрено не сум сигурен дека е баш така) вие сметате дека подобро сум го сфатил и такви играчи имам бидејќи моите резултати постојано ги натфрлаат вашите очекувања. Ако е така, слободно имитирајте ме. Моите играчи се прилично познати за вас :)