На форумот Suggestions многу се дискутира за 5то пласираните екипи. Според некои менаџери, 5тото место е само по себе награда бидејќи значи дефинитивен опстанок во истата лига. Ти и самиот знаеш колкава е финансиската разлика помеѓу прва и втора лита. Според други менаџери 5тото место е најлошото место (после 8мото) бидејќи 1. губиш тренинг недела и 2. немаш дополнителни финансиски стимул во последните недели бидејќи тогаш играш само пријателски без можност за заработка од билети.
Има предлози како 5тото место да стане поатрактивно:
- намалување на вкупната плата за играчите на 5то пласираниот тим за 50% во меѓусезона;
- 5то пласираните тимови да ги менуваат конференциите за следната сезона
- 5то пласираните екипи да добиваат пари од пријателските натпревари во таа недела;
BB-Charles има изјавено дека кога се гледа на долг рок, економијата на 5то пласираните тимови не е помала од 6то пласираните. Дури и со трите екстра натпревари на 6то пласираниот во борбите за опстанок, кога се збори за вкупен нето приход во една сезона, 5то пласираните тимови не заостануваат зад 6то пласираните. Причина за тоа е бидејќи 5то пласираните, гледано долгорочно, земаат повеќе пари преку анкетата на фановите. 6то пласираните краткорочно, само во тие 2 недели имаат подобар приход. Дополнително, 5то пласираните имаат сигурен опстанок, а 6то и 7мо пласираните треба тоа да го направат преку борбите за опстанок, во кои, останува истиот ризик за повреди на играчи. Останува на нас да одлучиме што е подобро за тимовите.
Инаку, дискусијата има и глобален економски аспект. Во глобалната ББ банка влегуваат пари од 5 главни извори (приходи): 1. плати на играчите, 2. плати на стручниот штаб, 3. надградби на салата, 4. данок од 3%+ при трансфери на играчи, 5. купување на стручен штаб и трошоци за отпуштања поранешните стручњаци. Со овие приходи, глобалната ББ банка треба да исплаќа 4 главни трошоци на тимовите (расходи): 1. приход од сала, 2. награди за националниот и БББ куп, 3. исплата на ТВ права и 4. приход од продадени дресови (трговија). Според мене, во моментов играта има влезено во еден економски еквилибриум: парите што влегуваат и излегуваат се на ниво на израмнетост, а за тоа доста се вложуваше во минатите сезони (во сезона 6 ми се чини, многу претрпевме за да се отстрани големата инфлација - памтите кога ги скратија приходите од сала до 40%, следната 20%, па дури по три сезони ни ги вратија целосно приходите?). Доколку се донесе решение на 5то пласираните тимови им се скратат платите во неделите од меѓусезона тоа ќе значи намален приход во ББ банката (1. плати на играчи), а трошоците остануваат исти. Затоа ББ економијата ќе треба да најде начин како да го покрие овој минус. Дали и како сето ова ќе го направи останува да видиме. Едно е сигурно, 5тото место во лигата треба да стане поатрактивно и промени треба да се воведат - барем уште една пријателска за примарен тренинг.