На крај доаѓаме до заклучок дека сите сме очекувале едно а се случило друго.Е сега или јас ,ти и Ксаго толку си ја знаеме или пак ГЕ се однесува чудно.
Мислам дека не ме разбираш што значи "очекуваме". Очекуваме значи просечна ситуација. Кога се игра натпреварот не се добив скоро никогаш просечна ситуација. Тоа е тој ефект на случајност, кој е намерно воведен и без кој би било се предвидливо и екстремно досадно. Немам поим како и до која мера е воведен во ББ, ама отприлика секогаш имај предвид дека до 15-20% може да одат перформансите во една или друга насока (или во твоја полза или негативно за тебе). Во случајот се ти одело негативно и затоа е толкав поразот. Ти беше малер, јас имав среќа.
П.С. Не знам кај виде 30 разлика, 24 разлика те тепав. Крајниот резултат е многу побитен од во текот на натпреварот што се случувало.
П.П.С. Завршницата на акциите не зависи само од тактиката. Зависи и од типот на играчите и особено од додавањето и продоrноста на надворешните играчи (PG/SG/SF). Не обрнувај толку многу внимание на деталите, гледај ја големата слика. Јас воопшто не се ни замарам што пишува во текстот како се одвивал натпреварот. Едно време одамна се замарав и скоро ништо не сфатив. Можеби може да се научи од тоа не велам не, ама е многу тешко за сфаќање и за да се направи опсежна анализа потребни се примероци од илјадници натпревари со различни комбинации на играчи и тактики што не е возможно.