Наместо 55-65 да е нели најдобро подобри резултати имам со 65-75 можеби е случајно или континиутетот има некаква врска.
Мислам дека секој играч различно реагира на минутажата, некои сакаат 60 минути неделно, некои 65 или 75 (веројатно ова е поврзано со издржливоста) но многу е битен и позитивен тој континуитет на неделната минутажа што ја спомна. Најбитно е кога ќе се успеме со некоја добра минутажа (60-70) да го однесеме играчот во одлична форма да се трудиме во континуитет да му ја обезбедуваме оваа минутажа, а ако подолго време се мачиме со формата на некој играч и покрај идеалните минутажи треба да пробаме со дисконтинутиет на неговата минутажа, да пробаме со малку повеќе или малку помалку неделни минути. Еве јас на пример оваа сезона маки мачам со формата на Ализоти, ќе заврши сезонава уште малку а од просечна форма подобро не отиде оваа сезона па ќе морам нешто да сменам за него.