И јас не бев задоволен од формата на моите играчи изминативе сезони па доста анализирав на оваа тема и дојдов до следниве заклучоци:
1.Најсигурна неделна минутажа за одлична форма е точно 48минути (еден цел меч)... поискусните менаџери сигурно се сеќаваат на менаџерот Тошка (Баниран) кој токму ова го практикуваше а сите му се чудевме зошто ги игра своите главни играчи по 48 минути неделно.
2. Втора најсигурна минутажа која нуди голема веројатност за одлична форма е еден цел меч (48минути) плус еден меч како резерва (околу 12 минути) или вкупно неделно околу 60 минути. Овие 60 минути можат да се обезбедат и на друг начин, вашиот играч да игра 2 пати како стартер по 30 минути во натпревар ама за ова треба стартерите да имаат многу ниска издржливост или да имате многу појака прва постава од противникот па пред последната четвртина да водите со 20+ разлика и вашиот тренер ја уфрли во игра комплетната втора постава.
Да ве потсетам дека постои и факторот “случајност“ поради кој може играчите да не бидат во висока форма и при вакви минутажи, но и да бидат во висока форма при 40, 50, 70, 80 па и 90 минути неделно.
Од мене толку а сега формуот им го препуштам на неколкуте менаџери во елитата кои се покажуваат како многу успешни во одржувањето на висока форма кај своите играчи.