...тренерот нема врска со тоа што е случува на теренот, тој игра улога само во брзината на тренингот, барем така тврдеше Бобанс на времето.
И уште тврди :)
Еј, ама во пресметките кај GE скиловите на резервите имаат улога. Скиловите на стартерот и скиловите на неговата резерва се основни фактори за пресметката колку минути во еден натпревар ќе добие секој од нив. Стартерот ќе игра се додека тој дава поголем ефект отколку неговата резерва. Или обратно, измената настапува тогаш кога GE пресметува дека резервата ќе даде поголем ефект од стартерот.
Во текот на натпреварот, нивоата на скиловите се менуваат - опаѓаат кај стартерот. Во даден „момент“ тие со толку опаднати што паѓаат под нивото на резервата и измената се случува. Во овој процес, издржливоста и темпото не тактиката, играат улога на модификатори. Тие никако не се основни фактори. Тие се еквиваленти на она што претставуваат температурата и катализаторите во брзината на хемиската реакција. Едноставно, издржливоста и темпото делуваат врз нешто што е претходно, пред нив, односно прво. Затоа ги сметам за модификатори, а не и главни фактори. (Горе ставив во наводници „момент“; подолу е објаснето зошто е ставено во наводници).
Инаку прашалниците претходно беа зошто во продолженијата често „играат“ стартерите. Ова е концептуално промашување според мене. Нити некој игра, нити бутур. Мое мислење е дека GE, во принцип, не препознава дали играч влегол во продолжение или во прва четвртина. Тој пресметува
скил на играч X минути кои ги одиграл тој играч; ова е многу поедноставен поглед на нештата. Дали во симулаторот ние ги гледаме минутите во продолжението или во некој друг момент од средбата нема ама баш никаква врска со крајниот резултат на равенката. Не дека они влегле во лош „момент“ - тие секако требало да одиграат неколку (пример 8) минути.
Ако пресметката била дека ти треба да загубиш, ќе загубиш. Ќе загубиш дури и ако гледаш дека во продолжението играат твоите подобри играчи во подобра форма од неговите. Затоа често на четот или на форум ќе сретнеме постови од типот „ај објаснете ми како неговиот глуп играч имаше 6/6 во последната четвртина против мојот звер играч“. Епа ете, затоа.
Инаку, ако стартерите ти играле во продолженијата, а според GE не требало они да играат, мое мислење е дека најверојатно ти ќе си изгубил и со поголема разлика - она што погоре го пишував во врска со пресметаниот ефект на стартерот vs. измената.
Симулаторот е само некоја визуелизација на комплексните математички процеси во пресметките на конечниот резултат. Не дека некој стварно помисли дека бекот прави додавање без да гледа, меѓу нозе до центарот кој во двочекорски хук-шот дава кош, ама ајде да потсетам дека симулацијата е само една фина површина на големата санта мраз.