kvalitetot na klupata nema nikakva vrska so igranjeto,
Ги измеша работите, нигде не реков дека квалитетот на клупата е причина за ова туку брзото темпо во нападот кое предизвика замор кај играчите во двата тима. Исто така нивото на тренерот нема врска со тоа што е случува на теренот, тој игра улога само во брзината на тренингот, барем така тврдеше Бобанс на времето.
Квалитетот на клупата нема улога со измените на играчите кај симулаторот на натпревари при продолженија но треба да има кај самиот менаџер кога ја мести тактиката за натпреварот. Ако јас имам послаба клупа од противникот а со првите постави очекувам тесен резултат, тогаш дефинитивно ќе ја утнам тактиката ако играм со брзо темпо во нападот.
И без разлика каква им е издржливоста на играчите со такво брзо темпо во нападот мора да дојде до замор во продолжението. Само играчи со екстремно висока издржливост може да бидат свежи при брзо темпо во нападот и 99% сум сигурен дека тоа е причината за ова што му се случи на Ангел. Претпоставувам дека крилото H. Xinyong кој беше единствен стартер кој играше во продолженијата за Angelcinja2 има екстремно висока издржливост 8+ додека B. Andov кај Xsago Phantoms беше така наместен само он да игра како плеј поради тренингот. Се што е со издржливост 7- не верувам дека ќе има сили за продолжение при брзо темпо во нападот.
Мене не ми случуваат вакви работи затоа што многу ретко играм брз напад а затоа Xsago тврди дека секогаш му играле резервите во продолжение, он често практикува брзо темпо во нападот.Нека постира примери Xsago каде претежно играле неговите резерви во продолжение па да видиме дали е 100% точно моето тврдење или има нешто друго.
Last edited by Dadimo at 1/8/2013 9:19:29 AM