Замени: STRIKNO SLEDI JA OZNACENATA POSTAVA
Проблем со Лични: OSTAVI GI DA IGRAAT
Само ова ми требаше и тука се е во ред од твоја страна.
Ги изгледав последните 5 минути од последната четвртина и цело продолжение но за жал до логично објаснување не дојдов. Мене вакво нешто не ми случило стартерите да одмараат цели 4 минути и 10 секунди од вкупните 5 минути во продолжението. Ако други тврдат дека ова е нормално нека дадат примери. За волја на вистината и кај Xsago тоа време играа резервите но он има далеку подобра клупа и тоа беше голема предност за него. Можеби единствено логичко објаснување е она што го дадовме со Xsago после мојот меч со РакијаДете (кога најголемата предност моите играчи ја направија откако влезе среќен фан на местото на мојот стартен центар кој направи 6 лични) а тоа е дека симулаторот на натпревари го пресметува конечниот резултат а распределбата на поени за време на натпреварот ја прави сосема случајно и понекогаш нелогично, но најчесто во корист на посилниот тим па затоа неможеме да и забележиме на играва дека не е реална. Ако во една игра најчесто победува подобриот тим тогаш таа е реална, а овие чудни случувања можеби се направени за да биде поинтересна и понепредвидилива.
Знам дека не си задоволен од ова што го напишав но вистинските причини ги знаат програмерите во BuzzerBeater, ние можеме само да нагаѓаме :)
Last edited by Dadimo at 1/7/2013 9:20:04 PM