BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > Прашања и Одговори

Прашања и Одговори

Set priority
Show messages by
From: Dadimo

This Post:
00
145214.530 in reply to 145214.525
Date: 12/19/2012 10:03:00 AM
Overall Posts Rated:
5555
Во право е Гари, проблемот е во слабата надворешна одбрана на Мартиноски и веќе традиција е на сите мечеви на кои он игра играчот што он го чува да биде меѓу најефикасните на натпреварот :)
Тоа е и главната причина што Мартиноски никогаш не доби шанса макар ревијално на пријателска да го облече националниот дрес.
Кога се спремав за тој меч ми беше јасно дека ако го оставам Мартиноски како П во одбрана ќе треба да го чува твојот најопасен надворешен играч и тоа може скапо да ме чини како што и се покажа на крајот со твоја победа но бев настинат тие денови и веројатно сум бил сигурен дека ќе нападнеш внатрешно како против Гемиџиите поради добрата форма на твоите центри па затоа сум го заборавил да игра како П во одбрана.

А изолациите во напад како и стрпливиот напад во кој највеќе се форсира најдобриот шутер е меч со 2 острици, ако пробиеш имаш добри шанси за победа но ако од спротивната страна имаш одличен дефанзивец можеш да изгориш како и јас на овој меч од приватната лига:
http://www.buzzerbeater.com/match/55372651/boxscore.aspx

Roberto Casale има речиси совршени скилови за скок шут, надворешен шут, продорност и техника но и тоа не му помогна да го пробие одличниот дефанзивец од противничкиот тим, а ако играч како Casale неможеше подобро да изигра кој речиси е совршен за напад испаѓа дека не вреди да се има ваков играч во својот тим кога еден играч со скоро 20-ка одбрана може многу успешно да го спречи.

Last edited by Dadimo at 12/19/2012 10:05:47 AM

This Post:
00
145214.531 in reply to 145214.529
Date: 12/19/2012 10:27:56 AM
Overall Posts Rated:
66
Top Eleven e ФБ игра и не ја признавам за асален фудбал менаџер сум ги пробал скоро сите подобро и во ниедна нема измени во во тек на натпревар и неколку Кошаркарски и дефинитивно таа опција ја нема никаде. А и бино да се спомене е моменто на кој што функционираат овие игри бидејќи разбирам малце програмирање е дека теоретски е невозможно тоа на овој начин така да таа опција ви овој концепт е невозможна и нетреба ни да ја очекуваме дека би била некогаш на игриве како оваа.

From: ^ToNiO^
This Post:
00
145214.532 in reply to 145214.531
Date: 12/19/2012 10:30:17 AM
Overall Posts Rated:
66
Да прашам и ја нешто може.
Дали влијае Inside Shot на Driving пример PG и SG стандардно си имаат добар Driving и го користат за влезови е сега дали тоа колку ќе промашува на влезови зависи и од Inside Shot или само од Driving ?

From: Dadimo

This Post:
00
145214.533 in reply to 145214.531
Date: 12/19/2012 10:41:08 AM
Overall Posts Rated:
5555
Top Eleven e ФБ игра и не ја признавам за асален фудбал менаџер сум ги пробал скоро сите подобро и во ниедна нема измени во во тек на натпревар...

Се согласувам со тебе, иако ФБ слабо користам а уште помалку играм на него ама сум ја пробал таа и уште неколку други кои се со градење па игрите на ФБ и јас не ги сметам за асални.
Проблемот со измените е во тоа што неможеш да најдеш термин кој на сите ќе им одговара да бидат он-лајн за време на натпревар па да можат да прават измени инаку ќе беше далеку поинтересна играта така. Би можеле евентално да направат опција да смениш тактика на полувреме или во одреден дел од натпреварот. Такви условни измени постојат во другите он-лајн менаџери и не е нешто што неможе да се примени и тука.

From: Dadimo

This Post:
00
145214.534 in reply to 145214.531
Date: 12/19/2012 10:52:27 AM
Overall Posts Rated:
5555
моменто на кој што функционираат овие игри бидејќи разбирам малце програмирање е дека теоретски е невозможно тоа на овој начин така да таа опција ви овој концепт е невозможна и нетреба ни да ја очекуваме дека би била некогаш на игриве како оваа.

Ова е возможно, но ќе треба играта да добие сосема друг концепт и така не би била толку интерсена. На времето пред 4-5 години бев Beta-тестер на Live верзијата на PC играта Football Manager и таму се правеа во живо измените, секој менаџер можеше кога сака да кликне во тактиката и имаше 1 минута да направи некој измена било со промена на играч било со промена во тактиката. Но сезоната функционираше на сосема поинаков начин. Имаш календар на натпревари кои треба да ги одиграш за време на сезоната и за да одиграш натпревар треба да биде он-лајн некој од твоите противници па треба да му пратиш покана (или он да ти прати покана) за одигрување на натпревар и ако он ја прифати започнува натпреварот за неколку минути.

From: Dadimo

This Post:
00
145214.535 in reply to 145214.532
Date: 12/19/2012 11:02:38 AM
Overall Posts Rated:
5555
За да погоди некој низок играч внатре околу обрачот освен добра продорност и техника му треба и внатрешен шут само не толку висок како кај центрите затоа што и противничките ниски играчи немаат толку добра внатрешна одбрана. Тоа е причината зошто мојот противник од приватната лига ме наполни преку ниските играчи иако нападна внатрешно. Очигледно ниските играчи ги тренира на надворешна одбрана до максимум а место надворешен шут ги тренира на внатрешен шут и така има одлично оптимизиран тим за внатрешен напад со играчи кои имаат мали плати бидеќи внатрешен шут малку влијае на платата кај ниските играчи(се мисли на играчи на кои препорачната позиција им е П/Б/К затоа што има и ниски играчи кои се тренирани како центри).

Last edited by Dadimo at 12/19/2012 11:06:58 AM

From: ^ToNiO^

This Post:
00
145214.536 in reply to 145214.534
Date: 12/19/2012 1:01:38 PM
Overall Posts Rated:
66
моменто на кој што функционираат овие игри бидејќи разбирам малце програмирање е дека теоретски е невозможно тоа на овој начин така да таа опција ви овој концепт е невозможна и нетреба ни да ја очекуваме дека би била некогаш на игриве како оваа.

Ова е возможно, но ќе треба играта да добие сосема друг концепт и така не би била толку интерсена. На времето пред 4-5 години бев Beta-тестер на Live верзијата на PC играта Football Manager и таму се правеа во живо измените, секој менаџер можеше кога сака да кликне во тактиката и имаше 1 минута да направи некој измена било со промена на играч било со промена во тактиката. Но сезоната функционираше на сосема поинаков начин. Имаш календар на натпревари кои треба да ги одиграш за време на сезоната и за да одиграш натпревар треба да биде он-лајн некој од твоите противници па треба да му пратиш покана (или он да ти прати покана) за одигрување на натпревар и ако он ја прифати започнува натпреварот за неколку минути.

Епа ти го потврди тоа јас што го кажав значи на овој концепт(browser games) како што е оваа. И принципот на играње натпреварие сега е тие се извршуваат на сервер па ние гледаме само резултат преку вјуерот а да биде тоа live извршување треба да ена некоја дополнителна платформа шо ќе се инсталира па ќе се иггра во живо и веројатно нема да е бесплатна играта зошто нели треба да е комплетна игра

Advertisement