Еден трофеј оваа сезона доволен да ги ублажи раните од повредите пред плејофот. Воглавно сум задоволен од настапите оваа сезона: 17 победи во лига, 1 во плејоф, 2 во B3 и до крај во купот. Нескромно, се надевав на повеќе во плејофот, но биднаа малерите. Тоа е, и повредите се дел од играта.
Да се надеваме дека почнувајќи од следната сезона МКД ББ Елита навистина ќе го оправда името. Оваа беше тотална катастрофа, пред се' со откажувањето на NC State и Malski budali. Банираните тимови ќе бидат исчистени од првата лига и се надевам дека инцидентите од ваква природа ќе станат реткост во иднина (не запаѓам во илузија дека ББ Македонија ќе се трансформира во оаза на чесни играчи, но се надевам...).
-------------------
Следи разврската во лигата. Веќе е потврдено дека tockaci останува прволигаш. Во финалето очекувам Сашо да го возврати ударот во сабота и шампионот да се дознае во мајсторка.