И не реков дека ти се случајни резултатите, токму тоа и ти го потенцирав, немој да бидеш како Ангел и да гледаш претходни резултати и да правиш такви споредби. Пак ќе кажам секој натпревар си е сам за себе, успеси во претходни дуели не играат натпревари, едноставно тактиката на Xsago беше сурово добра за твојот тим со кој го одигра овој натпревар надополнета со домашен терен. И како сакаш да дадеш повеќе од 40 поени не ми е јасно, те искина во рејтинзите, погледни го твојот напад наспроти неговата одбрана. Не спорам дека е преубедлив поразот ама ако неможеш да сфатиш дека е прифатливо реален и покрај моите детални објаснувања(кои за тебе се вергалање во празно) тогаш имаш уште многу да учиш од играва особено од тактиката. И “Македонците на Милан“ кукаше претходната сезона кога беше вака демолиран од Xsago па си продаде неколку играчи и затоа велам очигледно не сте свесни за вистинската јачина на неговиот тим. Тоа може само јас, Бобанс, Xsago, евентуално Гари и уште некој да го сфатиме.
И мораш да сфатиш дека некогаш играта ќе ти биде наклонета а некогаш не. Дали мислиш дека ти заслужи да ме победиш толку убедливо и дека тоа беше реално?! Јас со тој тим со кој ти играв ја демолирав пола елита, и што требаше сега да плачам за убедливиот пораз?
Уживај кога ќе ти биде наклонета ама и спортски прифати кога ќе биде против тебе. А енџинот во ББ е еден од најдобрите што сум имал можност да ги видам а сум играл многу вакви игри. Ти како менаџер кој активно игра Трофи Менаџер (игра со мизерен енџин според мене) ми велиш дека енџинот во ББ бил срање ?!. Не е идеален и мене ме шокира понекогаш ама е еден од најдобрите, идеален секако не постои.
И остај ги спредбите со Б3 настапите на Xsago, далеку сме ние од тој свет, само Гари и Xsago се блиску до нив моментално.
Last edited by Dadimo at 8/20/2014 7:26:09 AM