BuzzerBeater Forums

Makedonija - I.1 > Сезона 27

Сезона 27

Set priority
Show messages by
From: Dadimo

This Post:
00
256681.5 in reply to 256681.4
Date: 4/16/2014 4:40:10 PM
Overall Posts Rated:
5555
За овие 19 сезони играње ББ сфатив дека некои скилови повеќе имаат ефект во големината на платата а помалку во корисноста на играчот. Сега за сега ќе си ги задржам за себе тие заклучоци а ваше е да ја пронајдете волшебната формула какви скилови треба да има играч кој ем ќе биде квалитетен ем ќе има помала плата.
Инаку и јас имам забелешки на ББ симулатарот на натпревари, +14 разлика во првата четвртина против Гемиџиите а на крајот пораз од 21 разлика. Па како е тоа можно :)

Патем, кога веќе ги спомнав Гемиџиите со жалење ќе се констатирам дека Бобанс се нема логирано од 11 април но се надевам дека се е во ред и дека ќе ни се врати наскоро.

From: Dadimo

This Post:
00
256681.7 in reply to 256681.6
Date: 4/16/2014 6:10:46 PM
Overall Posts Rated:
5555

Избори Дадимо ,Бобансот не знае кај му е главата :)))))

Ако е тоа причинита тогаш да не се секирам, ќе поминат за десетина дена :)
Инаку и јас сум партиски активист и добро знам како му е, само што јас сум сеуште невработен па наоѓам време за игриве :)

This Post:
00
256681.8 in reply to 256681.5
Date: 4/23/2014 9:40:06 AM
Overall Posts Rated:
44
Кога сме кај вештините, гледам дека на една конретна нешто не обрнувате многу внимание - слободни фрлања.
Претпоставувам во „билдање“ на младите овој тренинг никогаш не го ни применувате.

Сега баш проверив по статистиките на тимовите....дури и оваа сезона во првите кола, а и во минатата сезона, водам во % на слободни фрлања.

Гледам лани јас %79, други од врвот тука околу 76% до 72% другите послабо...
Во почетоков на сезонава стигнав до 85% моментално.

Само избројте ги промашените поени во една сезона и ќе ви биде јасно зошто сте изгубиле некои тесни натпревари. Замислете да сте имале околу 90% што и не е недостижно.
Вчера не верував кога го победив Шампионот ...со неверојатни 39-41 слободни :)

Инаку ако тренирате слободни со тимот, некој добива и „пропратни“ ефекти во шут, дриблање итн...
Јас сум „школа“ на Бостон кои особено внимаваа на овој сегмент и секогаш имале висок % на слободни :)
Тренинзиве се за време на паузите секако +/- една недла, но ете има ефект :)

Со среќа во новава сезона :)

П.С. На партиските работници им порачувам да влезат со поголеми идеали во својата професија наместо обезбедување на ветено (и нередовно) работно место и да ги „клоцнете“ тие погоре во хиераријата да ја средат дражвава додека сеуште постои :)

Last edited by triptonite at 4/23/2014 9:42:44 AM

From: Xsago

This Post:
00
256681.10 in reply to 256681.9
Date: 4/23/2014 3:19:05 PM
Overall Posts Rated:
128128
За се има време :) Јас лично немам проблем со слободните и никогаш сум немал постојано сум околу 75% како тим. Сите играчи ми имаат од 7 нагоре. По еден тренинг сезона и пол е доволно.

This Post:
00
256681.11 in reply to 256681.9
Date: 4/24/2014 4:48:17 AM
Overall Posts Rated:
44
Не напишав дека ги тренирам цело време, туку само за паузите.

Не ги билдам играчите со слободни, децава беа „надарени“ со слободни фрлања, а и гледам кога купувам да ја имаат и таа вештина солидна - се разбира без забегување :)

А Заки не напредна затоа што секогаш тренирав 2 позиции (центар+крило). Го имав и Карлеуша со подобри вештини, а Заки многу заостануваше во одбарана, па некако не можев да го ставам да игра. Можеби тоа е грешка, признавам дека не знам да „развивам“ играчи, не сум толку влезен во играва, само го одржувам тимот :)



Last edited by triptonite at 4/24/2014 6:29:15 AM

This Post:
00
256681.12 in reply to 256681.11
Date: 4/27/2014 2:48:29 PM
Overall Posts Rated:
88
да прашам ги тренирам играчите значи со форма цел тим комплетно слободни скок и тие такви работи нон стоп секогаш ми опаѓаат дали е тоа до физеотерапевтот или ? (и дали треба да се има поквалитетен физотерапевт и зошто... :Д :) (и што има разлика од нај слаб до најсиен тренер кога се е во наши раце :Д :) ??

This Post:
00
256681.13 in reply to 256681.12
Date: 4/28/2014 1:07:06 PM
Overall Posts Rated:
128128
Играчите ти се многу стари. Затоа им опаѓаат вештини.

Тренирај млади играчи. По можност од 18-20 години да се првпат кога ќе ги купиш. Тренирај по можност македонци :)

From: Dadimo
This Post:
00
256681.14 in reply to 256681.13
Date: 5/7/2014 10:34:07 AM
Overall Posts Rated:
5555
Ја оплескав работата оваа недела :(
Срамен пораз вчера па место една сигурна победа завршив со два порази. Претходната сезона имав послаб тим и се трудев тактички да победувам, оваа сезона сум посилен и си мислам дека без никаква тактика скоро сите ќе ги победам.

Ако играше Зуна место Десноски на плеј веројатно ќе беше поинаку ама ако го ставев Десноски или Кеги против фантомите на Xsago се плашев од 6 лични и губење тренинг. Вака испадна лоша комбинација од резултатски аспект, со тренингот се е во ред сега за сега. Факт е дека го потценив дебитантот во елитата ама незнам од каде ја извади оваа одбрана а колку и да барам вина кај себе никако нема логика играч како Нуријев да има толку лош процент против туку што купен играч со слаба форма и дупла помала плата. Не сакам да ги откривам скиловите на Азербејџанецот ама верувајте дека е набилдан со 17+ на скок шут, надворешен шут, продороност и техника а има и 7+ внатрешен шут што го прави страшен шутер ама ете, мизерен учинок и тоа против кого?!

Last edited by Dadimo at 5/7/2014 10:39:50 AM

Advertisement