BuzzerBeater Forums

Makedonija - I.1 > Сезона 28

Сезона 28

Set priority
Show messages by
From: Onisifor

This Post:
00
261335.49 in reply to 261335.48
Date: 10/13/2014 2:50:43 PM
Overall Posts Rated:
203203
Колку што ме служи помнењето, ентузијазмот има директен ефект врз одбраната (и скоковите; тоа значи поголем број на поседи т.е шутови). Во принцип, колку поголем ентузијазам има противникот толку потешко се постигнуваат поени против него. Моја претпоставка е дека Xsago имал максимално можно ниво на ентузијазам во пресрет на последниот натпревар и тоа би можело да биде објаснување зошто толку малку поени допушти против тебе (69 е малку). Така што, оној период кога долго не си можел да постигнеш поени и бројот на загубени топки можеби доаѓа од тој фактор. Притоа, треба да се има во предвид дека твојот ентузијазам нема скоро никакво влијание врз ефикасноста на нападот, така што директно не се анулира ентузијазам vs. ентузијазам; твојот ентузијазам повторно има ефект само врз твојата одбрана.

Твојата ефиканост во нападот губи од друга страна и со настапот на гостински терен, а на противникот се потенцира (кумулативно, по анализи од повеќе натпревари, разликата при исти услови е околу +15 во корист на противникот само од тој фактор). Така што двата фактора негативно се имаат одразено воопшто на твојот напад.

И стварно, во нападот си ужасен 27/83! Брзото темпо можеби дополнително го влошил исходот во напад. Ама и тоа е премногу. Јас прогнозирав окоу 10тина поени разлика за шампионот, но очигледно те има стрефено и ужасен рандом малер што те чинел дополнителни 10тина поени негатива.

This Post:
00
261335.51 in reply to 261335.50
Date: 10/13/2014 3:05:04 PM
Overall Posts Rated:
22
Srekno na site vo narednata sezona :)

From: Onisifor

This Post:
00
261335.52 in reply to 261335.50
Date: 10/13/2014 3:52:53 PM
Overall Posts Rated:
203203
Твојот ентузијазам не го анулира оној на Xsago кога ја набљудуваме одбраната на Xsago. Твојот ентузијазам е за твојата одбрана.

Кажав дека 10тина разлика ќе ми беше пообјасниво. Ја имав предвид твојата форма. Затоа најмногу сум изненаден за висината на поразот. Го имав предвид и неиграњето на Stojku vs. неиграњето на Robev. Кај тебе загубата е посериозна отколку кај Xsago по моја проценка. Дополнително би претпоставил дека негативен рандом бил многу против тебе.

Скоковите секогаш ми се енигма. Има улога индивидуалниот сооднос (скил), но генерално се зема за тимска особина (сите играчи влијаат, во опаѓачки придонес од Ц кон П). Надворешни фактори кои влијаат се домашниот терен и ентузијазмот. Брзината на нападите индиректно се одразува - поголема брзина дава зголемен број на скокови (повеќе промашувања); мислам дека тогаш дистрибуцијата се поместува кон надвор односно бековите се со зголемена можност да фатат некоја топка. А инаку можно е играч со скил 1 на скок да фати 4 скокови. Се случило и претходно.

From: Dadimo

This Post:
00
261335.54 in reply to 261335.53
Date: 10/13/2014 7:50:44 PM
Overall Posts Rated:
5555
Ќе ти го кажам истото што му го кажав и на Тонио, немој од 1-2 натпревари да генерализираш и да извлекуваш заклучоци. Според мене требаше да изгубиш 15-20 разлика изгуби малку повеќе, ништо страшно, рандомот ти го завртел грбот во натпревар кој секако ќе го изгубеше. На твое место би бил среќен а би се бунел ако рандомот беше против мене во натпревар во кој очекувам тесен резултат. И на крајот, цела сезона беше ОК, си победуваше и си беше задоволен ама се случија 1-2 натпревари малку нелогични и ајде се да фрламе во вода, играта не чини.


Last edited by Dadimo at 10/14/2014 1:37:37 AM

This Post:
00
261335.55 in reply to 261335.52
Date: 10/13/2014 8:15:04 PM
Overall Posts Rated:
66
А инаку можно е играч со скил 1 на скок да фати 4 скокови. Се случило и претходно.

Само овој дел од дискусијата ке го дополнам со пример мојот игараш Jetnor Sylejmani сезонава има утакмица 8 скока и тоа на позиција PG од кој 5 офанзивни , има една со 6 скока ама ај таа сум бил превише доминантен, него баш против ксаго кога ме издоминира со 50 разлика и надскока квалитетни има 5 скока од кој 2 офанзивни, просекот му е во лига 2.4 скока од кој 0.9 офанзивни, прошла сезона во втора лига имаше поголем просек. Овој дел од статистиката ми е многу нелогичен јасно е дека целиот тим има влијание и тактика и противник ама па играч со 1ца скок да има така солидна бројка за бек е премногу, целокуната негова статистика во кариера со 106 одиграни натпревари и просек 29.6 минуит и 2,3 скока ја мислам дека се многу...

From: ^ToNiO^

This Post:
00
261335.56 in reply to 261335.53
Date: 10/13/2014 8:34:56 PM
Overall Posts Rated:
66
Абе гари ја кога зборев сезонава за некој работи ме праите луд, ја сум имал се нелогични испади против касаго сум го напаѓал незнам ти што испаѓаше, врати се назад и прочитај го моабетот јас што го пишував кога изгубив од него 50 разлика на гостински терен со исто залагање и ист ентузијазам не се сеќавам на формите ама мислам дека ни беа на двајцата солидни. Исто тоа ти се дешава и на тебе сега, пази тоа беше пред ксаго да се засили со двајца врвни игачи а потоа во куп на неутрален терен кај што го изгубув најдобриот игач после 7 минути и гагав погрешно напад и каде ксаго беше многу појак од претходната утакмица изгубив 22 разлика. И јас сезонава победнив некој утакмице многу подоминантно од што очекував ама па ова испадна или газиш или те газат...
Еве од оваа сезона нема да работи повеќе празната постава па ќе видиме како тоа ќе влијае на ГЕ-то и што друго све ќе испревртат во ГЕ-то освем тоа...

Last edited by ^ToNiO^ at 10/13/2014 8:40:36 PM

From: Dadimo

This Post:
00
261335.57 in reply to 261335.55
Date: 10/14/2014 1:43:03 AM
Overall Posts Rated:
5555
Скилови како скокови, додавање, блокади и надворешен шут џабе ги тренирате немаат многу влијание кај симулаторот на натпревари. А за скоковите дополнително битно влијание има и скриениот скил агресивност. Тоа го има кај Наце Бичковски кој е многу агресивен играч и прави многу фаули ама прави и скокови како да има 4-5 нивоа повеќе од вештината скокови.

From: Xsago

This Post:
00
261335.58 in reply to 261335.48
Date: 10/14/2014 7:24:14 AM
Overall Posts Rated:
128128
Далеку од тоа дека јас велам оти требало да победам,да домашниот терен требаше да биде она пресудното за твојата победа ама според крајниот резултат испадна дека ти без проблем ќе ме победеше и на мој терен.Очекував пораз ама мислев дека ќе биде далеку поизедначен натпревар во кои ти ќе ме тепаш со некои 7-12 разлика.
Не знам дали го следеше натпреварот и она што се случуваше на теренот,јас сум разочаран од ГЕ поради тие настани а не затоа што ете ти ме победи.
За мене е несватливо при една твоја неутрална тактика да имаш над 15 закуцувања преку моите центри,башка да не правам муабет дека кај мене сите 3 високи играи беа во 9 форма а кај тебе само Лазовски беше со 9 форма ама и тој е под нивото на Јаха.
Во 3 четвртина 6 минути не успеав да дадам кош,како кај мене да се некои просечни играчи,во истиот период Панчев 3 пати едно подруго закуцува покрај Јаха.панчев во 7 форма Јаха во 9 да не правам муабет дека Јаха има појак скил на внатрешна одбрана отколку Панчев на Внатрешен напад.Ама затоа Јаха се изнапромаши во шутеви кои беа карактеризирани како внатрешен шут.
Сто пати сум рекол дека ГЕ работи со бројки ама јас да имам 8(средна) а ти 7(висока) на скокови а ти да имаш 18 скокови повеќе е не знам во која статистика му е грешна проценката.Па ти во првата утакмица кога имаше подобра форма на центрите и во тимот имаче појаки скокачи не направи оваква доминација.
И на крај ме дотолчи со бројот на изгубени топки 15 ,10 беа уште на полувреме.А дека тоа не е заслуга на твоите дефанзивци покажува податокот дека тие имале 6 украдени топки
Да се вратам пак на нелогичноста со скоковите?Андов +Карај на скокови =8,кај мене Миролај+Оли+Хафиз =14 во просека за нијанса моите подобри ама затоа твоите бекови имаа 13 а моие само 5 скокови

Моите бекови 7 асистенции твоите 21.Миролај и Хафиз се подобри од твоите бекови на додавање можам да кажам дека Оли е тапа за нив ама затоа ГЕ израчунал дека и Оли и Миролај иако разликата во додавање е 10(десет) скилови имаат ист број на додавања.И сега ти ми велиш дека ова постојано се случува со ГЕ ама јас прв пат сум го забележал тоа?

Затоа реков веќе не се замарам со тактики,залагање,форми ,нема ништо тука логично.Следната сезона ќе ја играм постојано со основен напад ,секој можете дами ја погодувате тактиката на крај пак мислам дека ќе биде се исто.


Мене искрено еден куп пати ми се имаат случено ситуации од ваков тип (како во полза на противникот, така и во моја полза). Натпреварот не го следев искрено, немав време, а за скоковите на Чуфлај и самиот ти посочив дека се за мене изненадување. Не ја спорам твојата анализа од погоре, на место си е, само би сакал да ти посочам дека домашниот терен и ентузијазмот имаат влијание на скоковите и тоа поприлично (и залагањето најмногу ама таму сме исти). Со тие рејтинзи јас и очекував да те добијам на скокови само не до таа мера. Разликата како што кажав е на крилен центар каде Чуфлај неочекувано доминираше.

Инаку отприлика 12-13 поени е разликата дома-неутрален терен според моите математики, така што 25 е ако ја свртиш обратно дома гости. Ако ти беше домаќин ќе имаше тесна победа според мене.

П.С. Немој да читаш премногу во статистиките од еден натпревар, и во реалната кошарка има чудни варијации од време на време. Битен е просекот, ама за жал во ББ нема доволно алатки за да се анализира тој дел од играта, а и премногу има тактизирања и противници со различен квалитет што статистиките на играчите (освен можеби оценките) се прилично неупотребливи (не можеме да процениме што значат).

From: Xsago

This Post:
00
261335.59 in reply to 261335.50
Date: 10/14/2014 7:32:41 AM
Overall Posts Rated:
128128
Знаеш дека после завршување на куп утакмиците ент. пред натпревар нема шанси да биде поголем од 10,е јас имав помеѓу 9-10 значи тоа со ент. отпаѓа како фактор на предност.
Ај кажи како влијае формата кај играчите,што всужност преставува послаба форма кај играчот?
Кој е одлучувачки фактор за скок кај некој играч,зарем е можно играч со 1 на скок да има 4 скокови???


Формата влијае повеќе во нападот отколку во одбраната колку што знам но генерално влијае врз сите аспекти. Едноставно при пресметките ја менува јачината на играчот. А инаку да, можно е играч со 1 на скок да има 4 скокови. Не само што е можно, туку многу често се случува. Има милион примери такви постојано го гледам тоа. Затоа како што и реков битни се просеците а не поединечни натпревари. И сакат да е некој понекогаш ќе му се погоди 2-3 топки на кај него да одат. Отприлика бекови со 1 на скокови имаат просек од околу 2 скока на 36 минути (просечна стартерска минутажа), а со 6-7 на скокови има 4-4.5 на 36 минути. ама пак ова е ептен отприлика, големо влијание играат формата, ентузијазмот, залагањето, домашниот терен и нивото на скокови на противниците.

Advertisement