Како направи сега и ти дадимо како бобанс и јас да сме немале такви играчи.
Да, сте немале, ако збориме за играчи какви што ги опиша Бобанс со 18-19-20 ниво на вештина. Такви играчи кај нас претежно само јас сум имал досега и ретко некој друг од вас. А титулите секако не ви паѓале од небо но сте ги освојувале затоа што сте имале тим а не звезди.
За ова:
1. Не се оценува дали играчот игра во сооднос со вештините според еден натпревар. Со текот на времето, резултатите статистички се израмнуваат и имаат смисла. Еден натпревар не ми вреди ништо. Покажи дека цела сезона некој ваков играч против иста таква конкуренција имал катастрофален шут па ќе правиме муабет.
многу убаво си кажав тука:
Овој жалосен заклучок го имам донесено од голем број натпревари и различни играчи и сега за сега за жал стојам зад ова.
Ни на крај памет не ми паѓа да донесувам заклучок од еден натпревар или за еден играч, твое е дали ќе се согласиш со мене или не.
За останатиот твој напор да дадеш логично објаснување на нелогична статистика можам делумно да се согласам со тебе а делумно не. Понатамошна дискусија на таа тема би била бескорисна и непродуктивна но мило ми е што има менаџери како тебе и Бобанс кои се задоволни од настапите на своите звезди што значи има надеж и за мене да бидам и јас еден ден задоволен од тоа како ќе играат моите звезди.
Само ќе спомнам уште еднаш околу шутот за 3 и продорноста и техниката. Ако сакаме да биде играва како реалната кошарка тогаш 12-13 на техника и продорност се сосема доволни за успешен шут за 3 ако играчот има високи вештини на скок шут и надворешен шут. Сетете се само на тројките на нашата реална легенда Петар Наумовски кој често знаеше да погоди за 3 од немајкаде, буквално од неизградена позиција благорадение на одличниот скок шут и шут од далечина. Зарем на него му требаа 20-ки на техника и продорност за тие тројки или пак некој колега добар додавач.
Nguyen е купен само привремено бидеќи веќе 3 недели неможам да најдам бек по мој вкус а ако продолжам да чекам може да ми се искомлицираат плановите за мирен опстанок во елитата. Nguyen највеќе ги исполнуваше трите најважни критериуми кои ми беа битни: ефтин, релативно нормална плата и добар надворешен шутер со пристојно распоредени нивоа на останатите битни вештини. Ќе продолжам да ја набљудувам ТЛ и дај боже да најдам и подобар бек во блиска иднина. Штета што баш него го зеде како пример Гари па му ги видовте скиловите ама сепак е само привремено ангажиран.
Last edited by Dadimo at 6/25/2013 11:12:48 AM