Непринципиелно е да споредуваш брзина на тренинг кај „капиран“ и „некапиран“ играч.
Се согласувам за ова, тука згрешив што во контекст на муабетот ја измешав зависноста на брзината на тренингот од потенцијалот со истото кај „капиран“ и „некапиран“ играч. Сакав само да кажам дека индиректно потенцијалот влијае на брзината на тренингот затоа што играчите со послаб потенцијал порано ќе станат „капирани“, како што и ти кажа на крајот.
Суперзвездата во ништо нема да го фаворизира вториот во смисла на брзина на тренинг. Едноставно и двајцата ќе бидат „стопирани“ во развојот. На различни нивоа, секако.
Инаку за оние на кои што не им јасно што е „капиран“ играч, тоа е играч кој го достигнал својот максимум во одредена вештина определен со својот потенцијал па понтамошниот тренинг на оваа вештина кај тој играч ќе дава значително послаби резултати.
Last edited by Dadimo at 11/24/2012 5:58:15 AM