„Значително се успорува“ практично значи стопира (теоретски развојот со тренингот продолжува). Прашај некој што тренира капиран играч и ќе ти каже. Во таков случај не збориме за потенцијалот како фактор кој влијае врз брзината на тренингот, како што збориме за факторите висина, возраст, ниво на тренер, 1/2/3-позициски тренинг, моментално ниво на поврзани скилови... Непринципиелно е да споредуваш брзина на тренинг кај „капиран“ и „некапиран“ играч.
Ако веќе сакаш да го испиташ влијанието на потенцијалот врз брзината на тренингот, пробај истовремено да тренираш двајца капирани играчи на различно ниво на потенцијал со идентични други услови (оние набројани погоре). Пример, еден капиран играч на ниво стартер и друг капиран на ниво суперзвезда. Суперзвездата во ништо нема да го фаворизира вториот во смисла на брзина на тренинг. Едноставно и двајцата ќе бидат „стопирани“ во развојот. На различни нивоа, секако.
Last edited by Onisifor at 11/23/2012 3:23:59 PM