Уживај се случува :)
Еве само кратко објаснување зошто 18 годишниот, да не биде работава само ви кажуваме што е подобро а не ви кажуваме зошто.
Кога се бираат играчи од драфтот се гледаат 3 битни работи кај играчите: потенцијал, возраст и висина. Нормално не се занемаруваат ни рејтинг звезда/рејтинг оценка, но доколку овие се слични секогаш се дава предност на 18-годишите затоа што ќе имаш повеќе време да го развиеш како што треба, а предност на играчите со подобар потенцијал им се дава заради тоа што тие побрзо напредуваат и подолго можеш да ги тренираш (добро напредуваат и кога ќе остарат). Висината е битна во случај да бараш играч кој ќе сакаш да го тренираш во својот тим, значи играч што ќе ти одговара на тренинг планот. Ако тренираш високи играчи (КЦ и Ц) скаутираш високи играчи (од 201см па нагоре), ако тренираш ниски играчи (П и Б) тогаш скаутираш ниски играчи(да речеме до 198см). Крилата се нешто измеѓу, негде од 196см до кај 203см според мене се прифатливи висини за тренирање крило.