Како прво го делам мислењето на Xsago дека поените по четвртини се распределуваат случајно па често сум бил сведок како сум губел натпревар а сум водел и до 20 разлика и обратно. Големите пресврти се дел од ББ, некогаш ќе победиш некогаш ќе изгубиш. Да бидам искрен, кога излегоа двата стартни центри бев сигурен дека ќе изгубам иако водев но среќниот фан како да им донесе среќа на останатите мои играчи да забележат важна победа како утеха што Ализоти ќе остане без 10 минути тренинг оваа недела. Можеби ќе ти звучам пристрасен но мислам дека победата беше заслужена. Се покажа тактичко промашување тоа што го стави Grozea како крило кој не само што беше некорисен во твојот напад туку му овозможи на Martinoski да ти го наполни кошот. Всушност ако не се случеше последната четвртина јас ќе требаше да се лутам затоа што Mingaudas го преспа цел натпревар за да се разбуди на крајот и сам те победи. Колку што се сеќавам од последната четвртина сите твои шутеви преку среќниот фан беа успешни а примаше поени од моите бекови така што среќниот фан имаше само епизодна улога во последната четвртина а не го потценувај Hannon бидеќи платата не е показател за корисноста на еден играч кој патем е искусен и во одлична форма.