Ви се извинувам јавно на сите , знам и свесен сум за неактивноста од моја страна , овие денови бев премногу зафатен а и не бев во Македонија а и немав нет од каде да се логирам , за жал се случуваат некогаш и непредвидливи работи..
Во врска со НТ, сакам јавно да ви кажам дека не планирам да се кандидирам за уште еден мандат мислам дека е доста, и време е некој друг што има желба и амбиции да ја води НТ ,во наредните 2 сезони.. Му посакувам многу среќа на идниот селектор ..
Со мојот отчет , накратко да кажам дека претходната сезона не ни беше многу успешна завршивме 7ми во групата Е на Европското првенство . и тоа го сметам како мој неуспех, бидејќи имавме шанси за најмалку 6то место..
Затоа пак наредната сезона каде што игравме Утешен турнир од сите критики (позитивни и негативни) бев поучен и стрпливо ги чекав противниците од натпревар до натпревар , и на крај успеавме да забележеме 6 победи и 2 порази , а со самиот тој резултат да се пласираме во топ 32 фазата, Таму за противник се сретнавме против репрезентацијата на Индонезија и тоа на гости , исто така успеавме да ја поразиме и Индонезија а со тоа да се пласираме и во Топ 16 фазата, Таму не чекаше доста силната Репрезентација на Австрија каде што повторно игравме на гостински терен , и резултатот од конечниот исход од -16 поени разлика не изгледаше така убедлив од страна на Австријците , се додека во последната четвртина не ни се одлепеа и не ни ја прогнозираа тактиката , што впрочем да имавме предност на домашен терен бев сигурен дека ќе имавме поволен резултат ..
тоа е се одмене , да повторам уште еднаш Му посакувам многу среќа и успех на идниот Селектор