Доколку ви изгледа голем текстот немој да се замарате со читање :D
Ај јас тука ќе го напишам своето мислење оти гледам дека секаде се дискутира за една иста тема а никаде не му е местото на неа... ББ е игра која во Македонија ја играат 202 корисници. 30 од нив ја јазбираат, 50 сега се запознаваат и постојано учат нешто ново и само неколку од нив ќе им се приклучат на првите 30 и уште 120 други безпилотни летала од менаџери кои направиле екипа од радозналост и толку. Првите 30 постојано се активни и сите меѓусебе се познаваат колку што им дозволу играта. Секој има некакво мислење на останатите менаџери и тоа не мора да е исто со она на останатите. Ете на пример јас мислем дека Angel961 ја разбира играта но секогаш има преголеми очекувања од игрчаите кои ги има и од секое разочарување кое ќе го доживеј прави голема вревa, big-moby исто така одлично ја познава играта но јас си го знам како чичкото шо води многу успешни психолошки војни на форуми и прави многу малверзации во позадина, Magic24 појма немам кој е дечкото ама никако не можам да го победам :D Gari68 одличан познавач на играта, чоекот кој го основа пријателскиот куп и чичкото и со кој си прајме муабет на chat кога нема никој друг ON, Hip Hop Car! не контактирам со него не дека сум скаран туку едноставно не ми се бендисва неговата самобенисаност на форумити и мислам дека никогаш не би соработувал со него. итн... итн... Можам за цела елита вака но тоа не ми беше целта. Колку и да имам лошо мислење за некој менаџер не би отишол толку далеку да го пцујам, вреѓам, навредувам... Обично со таква тактика се користат оние кои не знаат што друго да кажат па освен да се спуштат на најниско ниви и да се користат со најпогрдни зборови не им останува ништо друго. Член сум на оваа заедница од многу одамна уште од времето на NC State (90% од тие што го читаат овај текст појма немаат за што зборувам и кој е NC State) и сум учествувал во многу поголеми кавиги од оваа, сум добилвал и забрани да не пишувам на форуми но никогаш не биле кажани толку навреди во 200 пораки колку што беа кажани во последните 10 од темата Макденоски синдром.
Што се однесува до местењето на натпревари можам да кажам дека првиот пат кога влегов во прва лига (сезона 17) имав чувство дека јас не припаѓам таму, дека таму секој со секој се знај, дека сите меѓу себе соработуваат дури еднаш искоментирав: шо барам јас во прва лига убо ми беше во втора таму барем победвав (на овај мој цитат можеби bobans се сеќава бидејќи подоцна неколку пати ме цитираше :D). Првите неколку натпревари бев целосно изгубен во лигата. Подоцна полека се консолидирав и имамше каков таков напредок. И кога се појавија шанси да го избегнам последното место и да играм бараж Angelcinja2 направија неколку "чуда" односно забележаја победи против големи фаворити а јас изгубив од нив и останав последен (тогаш а и сега уште се сомневам дека некои од тие натпревари можеби беа и наместени но до ден денес не сум кажал ништо затоа што немам докази). После таа сезона си ветив себеси дека ќе се вратам посилен и ќе им докажам дека местото ми е во најдобрите 16. И се ВРАТИВ!
Last edited by РакијаДете at 5/5/2013 9:03:36 PM