Плата и ДМИ се неспоредливи работи, и се пресметуваат по различни формули.
Платата има фиксна вредност во тековна сезона, ДМИ од 3 причини трпи значителни измени во сезоната:
1) форма -> очигледен ефект;
2) подобрување на вештини (тренинг): ако се споредуваат вредностите на ниво 9 кај млад играч кој тренира;
3) пад на ниво на вештини (кај постари играчи): ако се споредуваат вредностите на ниво 9.
Најмногу го асоцираме со формата затоа што реално формата е најфлуктирачка од недела во недела. Затоа збориме и за поднивоа на форма за вредносите 2-8. Меѓутоа ДМИ е многу повеќе од нивото на форма. Всушност постои прецизна формула, која ја има анализирано JosefKa, а линкот до нејзе е објавен при крајот на првиот пост од темата: Помош за почетници.
Да, нивото на ST е составен дел во формулата.
Инаку Dadimo е во право, Xsago многу пати досега го има кажано, а овде нека биде парафразирано: Споредување на двајца играчи X и Y само врз основа на вредноста на DMI е како да се споредуваат круши и јаболки.
Но за да не бидам погрешно сфатен, далеку од тоа дека DMI е бескорисна бројка.
Teaser: За играч на некои 25-26 години, кој не тренерa, вредноста на ДМИ на форма 9 е отприлика еднаква на вредноста на ДМИ во формата со која се почнува сезоната поделена со 0.28.
Last edited by Onisifor at 9/14/2012 1:52:47 PM