Горе долу, така е, макар што има неколку тима кои имаат доволно длабочина, а имаат и доволно силен прв тим за да конкурираат за титулата како на пример Pelister Bitola, dragonfly84 и born4pwnage. Реално јас имам повеќе отколку што е потребно. Во принцип не сум против стартна петорка од 600к, па и повеќе, но сепак таа треба да биде поддржана со уште 100-150к за клупата.
Што се однесува за испаѓање, главната причина зошто сеуште не мислам дека царот е гавен кандидат за испаѓање е бидејќи многу лесно со само едно засилување може да има една од најсилните петорки во лигата. А има и пари и простор за зголемување на платата. Длабочината нема да ја среди, ама за опстанок тоа не е ни потребно. Се што треба е царот да сфати дека опстанокот му е сериозно загрозен. Во секој случај ќе видиме во голема опасност е моментално.