Јас купив 7-ца тренер, незнам дали ќе можам со него да тренирам двопозициски а да не се успори многу тренингот па да го земам Линков. Што викате за ова Бобанс, Ксаго,..,останатите?
Разработував некоја стратегија како евентуално да се тренираат 4 играчи истовремено со оглед на тоа што малку менаџери во МКД тренираат наши деца па да ја засилиме работата тие што тренираме. Ова за У21 играчи мислам дека не е добро бидеќи таму е времето пократко да направиш добар младински репрезентативец но за играчи над 21 години можеби е изводливо. Планот е следен:
Имаш 4 играчи за тренирање и 14 тренинзи во една сезона. 8 од нив се еднопозициски во кои секој од овие 4 играчи ќе треба по 2 тренинза во сезона да пропушти и 6 се двопозициски(тука може да влезе и некој тренинг слободни или издржливост) во кои ќе тренираат сите. Вака по сезона секој играч би тренирал 6 еднопозициски и 6 двопозициски а би пропуштил 2 тренинга. Што мислите за овој план, може ли да произведе квалитетни репрезентативни играчи или не?