BuzzerBeater Forums

Makedonija - I.1 > Сезона 28

Сезона 28

Set priority
Show messages by
From: Xsago

This Post:
00
261335.40 in reply to 261335.39
Date: 10/10/2014 9:30:53 AM
Overall Posts Rated:
128128
На цели предвремени прогнози, јас ја направив од готово вересија работата. Така ми е кога закажувам со рандом тимови пријателски никако да се разберам за времето кога ќе се играат... И пак не наместив постава по 3 пат сезонава (меѓу најлошите менаџери во лигата сум сезонава) и ја споебав формата.... Плус и Робев ми се повреди за капак на се.

Last edited by Xsago at 10/10/2014 9:31:07 AM

From: Xsago

This Post:
00
261335.43 in reply to 261335.42
Date: 10/11/2014 6:01:37 AM
Overall Posts Rated:
128128
Хехе, јас сакам да имате агенда за да ме победите, само ми е бесмислено непотребно дискредитирање кое нема врска со резултатите. Не знам зошто на некои не им е јасно дека и мене ќе ми биде поинтересно ако е поголема конкуренцијата. Како што Гари кажува постојано, ПРАВЕТЕ ЈАКИ ТИМОВИ!!!

Инаку не напишав дека имам негативен бланс бидејќи додека не го видов твојот пост не ни знаев :) Всушност од многу многу одамна не сум видел какви ми се скоровите со другите екипи. Можно е да имам негативен биланс и со некои други...

From: Xsago

This Post:
00
261335.46 in reply to 261335.45
Date: 10/13/2014 3:33:27 AM
Overall Posts Rated:
128128
Ајде сега и официјално честитки за уште една титула,очекувано само не беше очекувана разликата и самиот тек на натпреварот.Само потврда дека ГЕ станува се поголемо срање и не е чудо што константно им се намалуваат членовите.
Поздрав се читаме следната сезона


Фала Гари. Разликате е висока точно. Искрено не знаев каква разлика баш да очекувам, ниту како ќе се одвива натпреварот. Првпат ти го играм стартното бековско дуо Карај/Андов сезонава, плус и Чуфлај на 7 форма на PF. Досега на сите натпревари со тебе експериментирав, па не бев сигурен вака посериозна постава (без Робев нормално) колку ќе ми донесе плус. Ама добро заврши за мене :)

А за GE, истиот е отсекогаш тој не бил сменет никогаш. Единствената промена е само ако годиш тактика, а и тоа мислам дека е едноставно изведено а не навлегува во сржта на GE. Не е совршен далеку од тоа, ама како за игра е добар. Сепак за да биде интересно мора да има одреден фактор на случајност, секоја игра така се прави. Е сега дали до тоа била толкава голема разликата не знам искрено. Јас не очекував ваков резултат. Не знам како стоиш со ентузијазам, но бројот на скокови на Чуфлај морам да признам дека е симптоматичен. Другото е ок и во рамки на нормала. Според тимските и индивидуалните рејтинзи и требало да победам (плус домашен терен).

From: Dadimo

This Post:
00
261335.47 in reply to 261335.46
Date: 10/13/2014 11:36:39 AM
Overall Posts Rated:
5555

А за GE, истиот е отсекогаш тој не бил сменет никогаш. Единствената промена е само ако годиш тактика, а и тоа мислам дека е едноставно изведено а не навлегува во сржта на GE. Не е совршен далеку од тоа, ама како за игра е добар. Сепак за да биде интересно мора да има одреден фактор на случајност, секоја игра така се прави.

Честитки за одбраната на двојната круна, ретко кој ја освоил а уште поретко ја одбранил :)
А за ББ симулаторот на натпревари целосно се согласувам со тебе, истото и јас го зборам веќе подолго време(особено болдираното).


Last edited by Dadimo at 10/13/2014 11:44:10 AM

From: Onisifor

This Post:
00
261335.49 in reply to 261335.48
Date: 10/13/2014 2:50:43 PM
Overall Posts Rated:
203203
Колку што ме служи помнењето, ентузијазмот има директен ефект врз одбраната (и скоковите; тоа значи поголем број на поседи т.е шутови). Во принцип, колку поголем ентузијазам има противникот толку потешко се постигнуваат поени против него. Моја претпоставка е дека Xsago имал максимално можно ниво на ентузијазам во пресрет на последниот натпревар и тоа би можело да биде објаснување зошто толку малку поени допушти против тебе (69 е малку). Така што, оној период кога долго не си можел да постигнеш поени и бројот на загубени топки можеби доаѓа од тој фактор. Притоа, треба да се има во предвид дека твојот ентузијазам нема скоро никакво влијание врз ефикасноста на нападот, така што директно не се анулира ентузијазам vs. ентузијазам; твојот ентузијазам повторно има ефект само врз твојата одбрана.

Твојата ефиканост во нападот губи од друга страна и со настапот на гостински терен, а на противникот се потенцира (кумулативно, по анализи од повеќе натпревари, разликата при исти услови е околу +15 во корист на противникот само од тој фактор). Така што двата фактора негативно се имаат одразено воопшто на твојот напад.

И стварно, во нападот си ужасен 27/83! Брзото темпо можеби дополнително го влошил исходот во напад. Ама и тоа е премногу. Јас прогнозирав окоу 10тина поени разлика за шампионот, но очигледно те има стрефено и ужасен рандом малер што те чинел дополнителни 10тина поени негатива.

Advertisement