Како направи сега и ти дадимо како бобанс и јас да сме немале такви играчи. Титулите од небо ни паѓаа? И ние сме имале такви играчи и мислиме дека имале перформанси во склоп на нивните вештини.
Во неколку клучни работи се разликува моето мислење во однос на вашето во ова:
1. Не се оценува дали играчот игра во сооднос со вештините според еден натпревар. Со текот на времето, резултатите статистички се израмнуваат и имаат смисла. Еден натпревар не ми вреди ништо. Покажи дека цела сезона некој ваков играч против иста таква конкуренција имал катастрофален шут па ќе правиме муабет.
2. Вештините не се пресликуваат директно во некој настан на теренот. Еден шут за тројка има еден куп фактори вкалкулирани во него, а не само скок шутот и шутот од далечина на играчот кој ја шутира тројката. Кои други фактори влијаат? На пример:
- типот на акција која води до шутот за тројка (избраната тактика)
- квалитетот на другите играчи во тимот (додавање, фокус на противничката одбрана во зависност од како е сетирана)
- дали шутот е "off the catch" или е "off the dribble" (не сум сигурен која е коректна македонска терминологија). Ако е "off the dribble" логично е да се очекува да имаат и техниката и продорноста ефект во резултатот.
- издржливоста
- формата
- залагањето
- ентузијазмот
А да не зборувам, за елементи од кошарката кои не верувам ни дека се вкалкулирани којзнае како бидејќи би биле прекомплицирани како поставување на блок, како е симулиран пик енд ролот и сл. Но можеби и се.
3.За да се искористат максимално вештините на еден играч, треба целиот состав да биде внимателно избран и погоден во склоп со тактиката која ја користиме. Со оглед дека многу често менуваме тактики, а не ни разбираме се точно како функционира, многу често се случува да се направи лоша комбинација од играчи кои резултираат во послаби резултати од оние кои на хартија би требало да се добијат. Од таа причина, многу често најуспешни се менџерите кои имаат играчи со комбинирани вештини кои можат да се прилагодат на секаква тактика. Односно, специјалисти во принцип треба да се избегнуваат.
Од таа причина јас на пример никогаш не би го купил Nguyen (без разлика што беше стварно евтин). Никогаш нема да се исплати за парите, бидејќи не е добро склопен и ќе биде надигруван често од играчи со помали плати. Јас лично не сакам и избегавам вакви специјалисти.
Last edited by Xsago at 6/25/2013 4:39:31 AM