Твоја несреќа беше што со таков солиден тим што го имаш дојде во елитата кога конкуренцијата е пеколно силна, како никогаш досега. Со таков тим да дојдеше претходните сезони ќе се бореше за плеј-оф а не за опстанок. Еве и мојот ростер да го земам за пример, сезоната ја почнав со 699К па паднав на 632К со продажбата на Мартиноски, сега пак се вратив на почетните 699К. Со ваков ростер во минатите сезони бев меѓу 5-8 место во елитата според вкупните плати а оваа сезона сум во долната 8-ка, пред вчерашниот трансфер бев и меѓу 4 најефтини тимови со 632К а во претходните сезони со таков ростер ќе бев во горната 8-ка според платите.
Изгуби многу важен меч но не е се изгубено, уште се игра купот, учесниците во купот се повеќе ја жртуваат лигата заради купот, повеќето од нас немаат соодветни резерви за стартерите а повреди се можни така да не се откажувај, сеуште имаш какви-такви шанси. Поздрав