Не се тревожи бре Дадимо,и мојот пост е далеку од трескање глупости.
Не реков дека мамиш....
Извини но ова што е болдирано подоле за мене се глупости:
Hehe,odkako si dobi paricki za da moze da mu dava plata si go sakase nazad
Se vide koja mu e vistinskata cenaАј за казната од 1 милион не знаеше, сега знаеш. Незнаеше ни дека играчот не е отпуштен туку е избришан неговиот газда бидеќи на одговорните кои го истражуваа случајот им кажал дека се откажува од играта. Причините поради кои го продадов Касале многу убаво ги објаснив во постот што беше за Бобанс. Не го сакав назад Касале заради тоа што добив пари да му ја плаќам плата (тоа за мене се глупости, успесите се градат долгорочно а не краткорочно),туку заради тоа што цената за која се продаде беше претерано ниска. Тоа што мислиш дека !000К е неговата вистинска цена исто за мене е глупост. Касале е еден од најдобрите бекови во ББ со слична плата и вреди многу повеќе, но многу менува дали е репрезентативец или не, и кога ќе биде ставен на ТЛ а ова како искусен менаџер би требало да го знаеш.
Друго, мене ми е многу глупаво што без ни малку вина бев вмешан во еден ваков случај а цел живот сум поштен и се што сум постигнал во животот па и тука во играта е со многу труд, љубов, знаење и посветеност. Баш затоа нема да имам ни трошка толеранција за секој што ќе го валка моето име. Само да те потсетам дека во финишот од претходната сезона ризикував влошување на односите со Тошка и Горге и застанав во корист на брат ти Ангел само затоа што мислев дека го наместија натпреварот а сакам фер-борба во елитата, иако јас не бев воопшто засегнат со тој натпревар бидеќи сум во другата група. Значи попрво би бил 10 сезони на 5 место со поштено играње отколку 5 сезони шампион со мамење. Толку од мене.
Last edited by Dadimo at 11/28/2011 4:10:01 PM