Добро е што Бобанс не не напушти туку само се ребрендираше но ајде да пробам барем малку и јас да ве заразам со една од најдобрите он-лајн менаџери што сум ги пробал а сум пробал многу.
Повелете пробајте ја
powerplaymanager:
http://ppm.powerplaymanager.com/en/Колекција од повеќе спортови за сечиј вкус, досега активни 4 спорта: Хокеј, Фудбал, Ракомет и од пред неколку недели Кошарката. Релативно нов он-лајн менаџер кој станува се подобар и се попопуларен во светски рамки.
Молбата до вас е да направите пред се тим во Ракомет бидеќи наскоро ќе почне петата сезона а Македонија сеуште нема своја репрезентација поради недоволен број активни тимови. Ова е навистина жално, Ракометот е толку популарен спорт кај нас а немаме репрезентација во една од ретките и најдобрите он-лајн ракометни менаџери. Доволно е само да направите тим во Ракомет па ако не ве влече или немате време баталете ја ама помогнете ни да ја претставуваме нашата земја со наша репрезентација. Играта е многу интересна и на прв поглед малку тешка ама верувајте брзо ќе се вклопите, туторијалот кој треба да го направите на почетокот многу практично помага да ги научите основите работи а на располгање сме десетина активни менаџери кои долго ја играме па ќе ви помогнеме се што ви треба.
http://ppm.powerplaymanager.com/en/sports.html