BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > [NT] 09-Avgust-2010 (16:55) Makedonija - Albanija

[NT] 09-Avgust-2010 (16:55) Makedonija - Albanija

Set priority
Show messages by
From: dimac
This Post:
00
153786.3 in reply to 153786.2
Date: 8/9/2010 12:56:16 PM
The Black Ice
II.1
Overall Posts Rated:
126126
Second Team:
dragonfly18
Натпреварот заврши. Македонија - Албанија 110-112. Штета, пропуштивме голема шанса.

Во првата четвртина се мачевме со нападот и тоа го искористија Албанците на најдобар можен начин. Резултатот беше 27-20 за нив.

Во втората четвртина се вративме во игра, почнавме да погодуваме, се разиграа играчите. На полувреме отидовме со негативна од еден поен.

Во трета четвртина продолживме со сигурната игра и ја завршивме со позитива од 3 поена.

И кога мислевме дека конечно го скршивме отпорот на жилавиот сосед, се случи обратното. Албанците се разиграа, го полнеа нашиот кош. Завршницата беше трилер, но за жал испадна во корист на противникот. Бојан Милошевски ја имаше шансата да го одведе натпреварот во продолженија, но промаши.

Кога ќе се собере на крајот, заслужен пораз на нашите кошаркари. Формата на играчите беше таква каква што беше, ама тоа е тоа. Исто така, некои играчи не се покажаа во добро светло и нивната иднина во националниот тим е неизвесна.

Статистиката можете да ја видите на следниот линк: (11154)