Aко добро избројав кинескиот репрезентативец што го постираше направил 6 лични за својот тим дури 8 пати само оваа сезона што е страшна бројка.
Ти малку ги измеша работите, они не викаат дека репрезентитвците прават помалку фаули туку дека не им се суди 6-та лична, демек ако бил репрезентативец судијата ќе го оставал играчот да игра и цело полувреме со 5-лични. Ама нивната смешна теорија се сруши како кула од карти со примерите од репрезентацијата на Малта што ги приложив, Гари го спомна и нашиот репрезентитвец Стојку а шлаг на тортата е кинезов што ти го стави. Се е јасно како бел ден, некој сакал да измисли топла вода ама мора да се помири со фактот дека не му успеа а пред вистината и фактите и боговите молчат. Ако некој се смета за повеќе од бог нека му е со среќа и нека верува во што сака...
А за Карај не се согласуваам со тебе дека не е агресивен, го памтам и како У21 репрезентативец, му бев селектор. На еден натпревар направи 4-лични уште во првата четвртина, 6-тата ја направи на почетокот од последната четвртина а беше во одлична форма и беше еден од најдобрите дефанзивци во таа генерација и бев шокиран што баш на него му се случи тоа затоа и ги памтат овие детали. Еве и сега за само 13 минути 5 лични, тоа за тебе малце ли е?
Ама со тек на време агресивноста се намалува, повисоко ниво на одбрана, издржливост и искуство ќе го смират неговиот темеперамент. А неговиот статус на репрезентивец нема врска со правењето фаули и нема смисла повеќе да се расправаме на оваа тема...