Не се само тројца менаџери што вложуваат во градење играчи. Има многу повеќе, те уверувам во тоа и бројот се зголемува со секоја нова сезона. Секој македонски тим да има барем по една македонска „суперѕвезда“, кој самиот ја истренирал, во својот состав е нешто што може да биде реално остварливо. Доминантно македонски состави (пример, каде најдобрите 3 играчи се македонци), по примерот на успешните полски тимови, е најдобриот начин за поддршка на македонските репрезентации, но истовремено и огромен плус за самите тимови.
Наскоро, претпоставувам, ќе се отвори конкурсот за избор на најдобро тренираните 18, 19 и 20 годишни играчи - потенцијални U21 и NT репрезентативци - каде што сите ќе можеме да видиме како напредуваат во тренингот младите Македонци во нивните тимови. Нека биде убава бројка!