Интересно би било, играчите да имаат некој предефиниран (рандом) фактор кој ќе ја одреди неговата сезона. Во реалната кошарка, па и спортот воопшто, гледаме играчи кои имаат прекрасна сезона и за нив велиме биле во страшна форма таа сезона. Другата сезона не можеме да ги препознаеме. Сме виделе такви безброј случаи, нели? Па, во ББ тој сезонски фактор би се рандомизирал на старт на секоја сезона, па можеби друг играч во тимот би бил ѕвезда на сезоната кај тебе место Ордевски. Секако, овој фактор не го замислувам како некој ужасно доминантен, туку фино рафиниран. Тој би бил +/-, односно за некои играчи би имал благо негативен ефект.